Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Промовиран Системот за рано предупредување за исчезнати деца – Најди ме!
Македонија

Промовиран Системот за рано предупредување за исчезнати деца – Најди ме!

18/12/2023

AA

„Најди ме – Систем за рано предупредување за исчезнати деца“ е воспоставен од Новинари за човекови права како дел од „Пилот -проектот за систем за рано предупредување за исчезнатите деца“ во Северна Македонија во соработка и под проектен менаџмент на ЕКПАТ Австрија, а со финансиска поддршка на Федералното министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија.

Главна цел на проектот е да се подобрат постоечките пристапи и да се изнајдат нови методи за превенција, истрага и ублажување на трговијата со луѓе и деца, како и заштита или зајакнување на правата на засегнатите преку размена на искуства и стекнување нови знаења.

Исчезнувањето на личност без трага секогаш предизвикува огромна загриженост и страв кај членовите на семејството, пријателите и познаниците, чувства кои заедно со она најизразеното во моментот – беспомошноста, може да доведат до избрзани и непромислени постапки. Најсилни се емоциите кога исчезнува дете и затоа, не постои дилема дали државата треба да има систем за рано предупредување за исчезнати деца.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на завршната конференција на пилот проектот за систем за рано предупредување за исчезнати деца, што во период од година и половина го спроведуваше здружението „Новинари за човекови права“ под проектен менаџмент на ЕКПАТ Австрија, а со финансиска поддршка од австриското федерално министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи.

„Добро е што првиот чекор е направен. Имаме пилот проект и огромна благодарност до сите кои учествуваа во креирањето на оваа првична верзија на системот што денес ќе биде презентиран. Се надевам дека ќе биде ефикасен, но и верувам дека сите ние ќе се заложиме во иднина тој континуирано да се надградува, особено со примена на позитивни искуства од развиените земји“, рече Шаќири, потецирајќи дека Северна Македонија е земја која ја има ратификувано Конвенцијата на ОН за правата на детето и како што рече, ставот по однос на ова прашање, меѓудругото може да го зацврсти и токму со воспоставување и примена на ваква алатка.
.
Министерот посочи дека образовниот систем има важна улога во раното предупредување за исчезнати деца и дека Министерството за образование и наука го става на располагање сиот свој капацитет во развојот на овој систем.

„Сите поминуваат низ системот на образование, а тој игра клучна улога во раното откривање на исчезнати деца. Наставниците и училишниот персонал често се првите што забележуваат кога детето е отсутно или пак детектираат кога тоа е во некаков ризик, кој се манифестира преку неговото однесување, изглед и слично. Од друга страна пак, токму во училиштата и преку наставата и воннаставните активности, децата се запознаваат со потенцијалните опасности кои ги демнат. Така ќе биде и понатаму. Едукативните содржини поврзани со оваа тематика, веројатно ќе стануваат сè позастапени“, рече Шаќири.

Додаде дека МОН ќе продолжи да се заложува за унапредување на безбедноста на учениците, не само во рамки на училишните објекти, туку и надвор од нив, заедно со другите надлежни институции како МВР, но и локалните самоуправи, самите училишта и партнерските организации.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy