Променливо облачно со врнежи од дожд, температурите до 19 степени
Променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Под влијание на влажни воздушни маси од југ, од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (над 60км/час). Поинтензивни процеси се очекуваат од средината на следната седмица кога наместа ќе наврне поголема количина на дожд (над 20л/м2 за 24 часа).