
Променливо облачно со сончеви периоди – температурите до 25 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.
Дневната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе достигне до 25 степени.
Изминатото деноноќие имало најмногу дожд во Штип. Измерени биле 17 l/m2.
10 l/m2 Демир Капија, 9 l/m2 Велес, Кавадарци, 8 l/m2 Виница, Берово, 5 l/m2 Скопје-Петровец, 2 l/m2 Куманово, 1 l/m2 Крива Паланка, Гевгелија.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.