
ПРОГНОЗА НА СВЕТСКА БАНКА: Кажаа колку време ќе ни треба да го стигнеме стандардот на европските граѓани
Според Светска банка, со ваков раст на БДП стандардот на европските граѓани ќе го стигнеме за неколку децении. Тоа би значело три-четири или дури шест децении.
„Со побрза стапка на раст, Македонија би можела за 30 до 40 годии да го достигне просекот на Европската Унија (ЕУ) во приходи по глава на жител“, изјави Иваило Изворски, главен економист на Светска Банка (СБ) за Европа и централна Азија.
Тој рече дека со побавен раст можно е да требаат и 60 до 70 години за да го стигнеме стандардот на Европјаните. Слични ставови од Светска банка даваа и претходните години за истото прашање.