
ПРОГНОЗА НА ММФ: Колкав раст ќе има Македонија?
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) прогнозира дека и оваа и следната 2026-та година, Македонија ќе ги заврши со раст на БДП од 3,2 проценти.
Од земјите во опкружувањето, за Србија прогнозите се дека ќе има раст од 3,5 отсто, Албанија да има повисок БДП за 3,8 проценти, а Косово за 4 отсто.
За Црна Гора се прогнозира дека ќе има раст на БДП ист како Македонија, а со најнизок раст на економијата ќе биде БИХ со 2,8 отсто.
Бугарија која е и земја членка на ЕУ пак се очекува да ја заврсши 2025-та со раст на БДП од 2.5 отсто.
ММФ ја ревидираше нагоре прогнозата за економскиот раст на Турција за 2025 година, од 2,6 на 2,7 отсто, јавуваат турските медиуми повикувајќи се на нов објавен извештај на институцијата.