Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА: Дали младите бараат совети во која струка би биле најуспешни?
Економија

ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА: Дали младите бараат совети во која струка би биле најуспешни?

22/05/2023

AA

На годишно ниво
Агенцијата за вработување овозможува илјадници услуги кои се во сферата на
професионалната ориентација и кариерно советување, со цел невработените полесно
да најдат работа.

Годинава,
половина од невработените кои добиле совети и услуги од оваа сфера се млади на
возраст до 29 години. Со овие лица се работи поединечно или во група. Некои од нив се во потрага по првото
вработување, а некои веќе работеле, но ги интересира доедукација.

„Активностите за професионална ориентација и кариерно советување ги
реализираат кариерните советници во центрите за вработување преку индивидуална
или групна работа со корисниците на услугите. Исто така, во рамките на
услугата центрите за вработување соработуваат и со образовни институции за
информирање за состојбите на пазарот на трудот, промоција на услугите и
активните програми и мерки за вработување и друго. Во изминатиот период во 2023
година, со услугата беа опфатени сите категории на невработени лица на различни
возрасти. Реализирани се 436 услуги за невработени лица од кои околу 50 отсто беа
за млади лица до 29 години. Беа опфатени лица кои прв пат бараат работа, како и
лица кои претходно имале работно искуство, но повторно бараат работа и имаат
потреба од советување какви дополнителни знаења и вештини им се потребни, 
какви дополнителни обуки и образование им се потребни, во кои занимања можат да
бидат успешни и полесно да се вработат,  во кои активни мерки да се
вклучат и слично. Со оглед на тоа што услугите  имаат за цел советување на
невработените лица за вработување, невработените добиваа некои од услугите кои
се важни за  кариерното советување и преку други видови услуги во
кои добиваа информации, беа мотивирани, стекнуваа вештини за претствување пред
работодавачите и друго. Беа реализирани вкупно 9.627 услуги за невработени лица
(професионална ориентација и кариерното советување како и  други услуги за
советување како помош и поддршка за вработување)“, објаснуваат од Агенцијата за
вработување.

Целта е
невработените да ги откријат своите афинитети и да знаат во која професија
најдобро би се снашле.

„Агенцијата за вработување на
Република Северна Македонија  спроведува услуги за вработување согласно годишните
Оперативни планови  за активни програми и мерки за вработување и услуги на
пазарот на трудот.  Центрите за
вработување редовно ги информирааат невработените лица и ги повикувааат за учество во услугите кои претставуваат дополнителна поддршка на невработените лица во процесот на активно барање работа. Активирањето на невработените лица односно
нивното мотивирање за активно барање работа и вклучување во активните програми
и мерки за вработување се врши и преку повеќе видови услуги за вработување како
што се услугите за информирање, советувaње, мотивирање и друго. Една од нив е
услугата професионалната
ориентација и
кариерно советување која е  интегрален дел од системот за работа со невработените лица. Професионалната ориентација и кариерното
советување  подразбира повеќе видови услуги/активности  на центрите за вработување, кои им овозможуваат на  невработените лица да усвојат  вештини за истражување на можностите за кариера, вештини за
барање работа,
како и да го  планираат  сопствениот кариерен развој“, велат од Агенцијата за
вработување.

Тие
настојуваат да ги мотивираат невработените активно да бараат работа, но и да
учат нови вештини кои ќе им донесат бенефит. Младите уште во училишните клупи
ги трасираат патиштата за својата професионална ориентација. Тоа е процес кој
трае подолг временски период.

„Со оглед на тоа што професионалната ориентација 
претставува развоен процес кој трае во текот на образовниот и работниот век,
активностите на АВРСМ во ова подрачје се насочени кон развој на вештините за управување со кариера. АВРСМ  им обезбедува поддршка на корисниците на своите услуги во развојот на
овие вештини преку повеќе различни активности како што се давање информации за состојбите на пазарот на
трудот, можности за образование и обуки, активни програми и мерки и услуги на
пазарот на трудот и други информации поврзани со  можностите за
вработување,  помош при изборот на занимање, помош при проценката на
сопствените потенцијали за вработување и нивно усогласување со потребите на
пазарот на трудот,  кариерно советување и изработке на кариерни планови и
др. Невработеното лице може да учествува во дел или повеќе активности во рамки
на оваа услуга, во зависност од неговите потреби“, додаваат од Агенцијата за
вработување.

Радмила
Манчевска, психолог и психотерапевт вели дека уште во основно образование се
развиваат и усовршуваат одредени вештини и интереси. Значајно е рано
детектирање на одредени склоности и правилно и навремено насочување на младата
личност. Денес децата уште од најрана возраст посетуваат различни вон наставни
активности и курсеви кои во голем степен кај некои од нив влијаат врз развивање
на одредени професионални интереси. Кариерното советување е сложен процес во
кој се испреплетуваат повеќе фактори. Од една страна е интересот и
мотивацијата, а од друга страна се способностите, вештините но и особините на
личноста. За да правилно се насочи одредена млада личност кон одредена
професија, потребно е усогласување на сите овие компоненти.

„Има
ученици кои ги бива за повеќе работи и кај нив се јавува конфузија, не знаат
што да одберат и со нив треба да се работи на тема професионална ориентација,
да се види во што би биле најдобри. Со кариерно советување кај нив може да се
расчисти дилемата. Но, има и случаеви кога младите ќе отидат на факултет и ќе
видат дека не е тоа што очекувале, дека сакаат нешто друго. И не е само да
постои интерес за одредена професија, треба личноста да има и способности за
истата“, објаснува психологот.

Таа
додава дека ако се има желба и потреба и подоцна луѓето можат да побараат помош
за професионална ориентација, да сменат професија и да запливаат во поинакви
професионални води од она што претходно планирале.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/YuriArcursPeople

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Доктор и медицинска сестра пријавени за обид за шверц на

19/06/2026
Македонија

Македонија ги менува правилата за „златните пасоши“ – инвестицијата повеќе

19/06/2026
Македонија

Во Македонија 40 минути, во Словенија 7 минути за Брза

19/06/2026
Македонија

Српски државјанин возел 188 километри на час на автопатот Куманово–Скопје,

19/06/2026
Македонија

Нов регистар за заштита од измами: Граѓаните ќе можат полесно

19/06/2026
Македонија

Алиу ги разрешува дилемите во јавноста: Модуларните сали од Клинички

18/06/2026
Македонија

Над 340 граѓани побарале помош преку „Отворениот кабинет“ на Министерството

18/06/2026
Македонија

Алиу: Спас за донацијата од 500.000 долари за хемофиличарите –

18/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43820
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Доктор и медицинска сестра пријавени за обид за шверц на ботокс вреден над 600 илјади

19/06/2026

Обид за внесување на голема количина ботокс преку поштенска пратка бил спречен од страна на царинските службеници, по што Царинската

Македонија ги менува правилата за „златните пасоши“ – инвестицијата повеќе нема автоматски да значи државјанство

19/06/2026

Македонија подготвува промени во системот за доделување државјанства на странски инвеститори, со кои треба да се намалат можностите за злоупотреби

Во Македонија 40 минути, во Словенија 7 минути за Брза помош, министерот најави воведување на

19/06/2026

Во здравството времето е лек – или ќе го имате, или ќе го немате. Оваа сурова реалност најдобро ја отсликува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy