Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРОФЕСИЈАТА Е ДЕЛ ОД НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ: На кој начин работата го оформува карактерот на една личност?
Економија

ПРОФЕСИЈАТА Е ДЕЛ ОД НАШИОТ ИДЕНТИТЕТ: На кој начин работата го оформува карактерот на една личност?

11/03/2025

AA

Професијата е дел од целокупниот идентитет на една личност и се смета дека
одредени занимања можат да влијаат кај лицето да се зголеми аналитичноста,
алтруизмот, оптимизмот, не само во канцеларијата, туку и во
приватниот живот. Дури и самата професија, влијае какви погледи на нештата ќе
има личноста. Во голема мера, работата го обликува и карактерот на човекот.
Некои професии овозможуваат поединците да стигнат до награди и признанија, што
овозможува чувство на исполнетост и успех. Одредени работни места нудат
можности вработените да ја покажат својата креативност и да понудат нови идеи.

„Секако дека професијата е дел од идентитетот на човекот. Во рамките на
структурата на личноста има повеќе аспекти, еден е професијата. Има луѓе коишто
премногу се идентификуваат со професијата и тоа може да создаде проблеми. Од
друга страна, тоа дава шанса за развој на личноста, тимска работа, да се развие
трпение, има луѓе кои претходно имале проблем јавно да говорат, но потоа тоа го
надминале. Во голем степен професијата влијае врз чувството како луѓето се
перцепираат и доживуваат себеси. Тоа може да влијае во позитивна и негативна
насока, што работиме, како тоа го работиме, дали и колку сме успешни“, вели
Радмила Манчевска, психолог и гешталт психотерапевт.

Инаку, граѓаните велат дека преку професијата изградиле меки вештини, но и
стекнале „животно школо“.

„Се сложувам дека професијата е дел од идентитетот. Кога треба да се
направи одлука, во кое средно или накој факултет треба да се запише лицето, тоа
избира соодветна установа. Човекот се развива, психологијата негова,
карактерот, едноставно расте. Јас избрав професија според мојот карактер,
направив добар избор и тука се надополнувам приватно и професионално. По
професија сум банкар, сакам да работам со документи, педантна сум и се
чувствувам убаво со тоа што го работам“, објаснува младата Маријана.

Друга жена која долги години работела како економист има слично мислење.

„Делумно професијата е дел од идентитетот, а целосно не, затоа што има
многу особини кои го дефинираат карактерот, а учењето и искуството секако дека
придонесуваат за развој на личноста“, додава повозрасната Светлана.

И друга жена која работела во државно, вели дека преку професијата стекнала
многу вештини.

„Низ работа се учат многу работи, јас имам работено во суд“, рече Станојка.

Работната средина влијае на начинот на размислување и навиките, и на тоа како го дожиуваме светот и себеси. Обично едно од првите прашања кога
запознаваме некого е со што се занимава, со што добиваме одредена слика за
соговорникот и неговите афинитети.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на

10/04/2026
Македонија

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето

10/04/2026
Македонија

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026
Македонија

Приведени 10 возачи за безобѕирно управување возило

10/04/2026
Македонија

СЕ ОЧЕКУВА МЕТЕЖ И ЗАСТОЈ НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ Почнува целосната

10/04/2026
Македонија

Стабилизација на времето за Велигден, потоа дожд и ветер

10/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

10/04/2026
Македонија

Масовна тепачка во Кичево: Девет лица приведени

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42351
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Гужви на границите за Велигден: Илјадници македонски граѓани заминаа на продолжен викенд!

10/04/2026

Празничниот продолжен викенд донесе зголемен метеж на граничните премини во земјава, при што голем број граѓани решија слободните денови и

Трагедија на објект во Скопје: Работник пронајден починат на приземјето во делот на лифтот

10/04/2026

На 09.04.2026 во 13:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на приватна фирма на подрачјето на

Сува трева и ѓубре се запалиле покрај патот Струга–Калишта

10/04/2026

На 09.04.2026 во 12:30 часот, полициски службеници од ОВР Струга извршија службен разговор со Г.М.(52) од струшкото село Калишта. Претходно,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy