Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Продолжуваат оставките во СДСМ: Кандидатот за Ѓорче Петров, Ацевски, се повлече и побара оставка од Филипче и целото раководство
Македонија

Продолжуваат оставките во СДСМ: Кандидатот за Ѓорче Петров, Ацевски, се повлече и побара оставка од Филипче и целото раководство

03/11/2025

AA

Костадин Ацевски, кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од редовите на СДСМ и досегашен претседател на општинската организација на партијата, денеска поднесе неотповиклива оставка од партиската функција.

Потегот доаѓа како директна последица на лошиот изборен резултат, но Ацевски во своето видео обраќање отиде чекор понатаму, барајќи одговорност и од самиот врв на партијата.

„Изборите завршија. Време е да се понесе одговорност. Иако се вложив целосно без калкулации и без да се штедам, сепак резултатот е лош“, изјави Ацевски.

Тој јавно побара оставка од претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и од целото раководство.

„Поднесувам неотповиклива оставка на функцијата претседател на општинската организација како чин на објективна и морална одговорност за лошите резултати на локалните избори. Верувам дека е исправно и потребно, оставка да поднесат и претседателот Венко Филипче и целото раководство на СДСМ, не само заради лошите резултати, туку и заради начинот на дејствување на СДСМ во изминатиот период“, потенцираше Ацевски.

Тој објасни дека и покрај оставката од функцијата, тој останува член на СДСМ, „целосно посветен во борбата за подобро Ѓорче, за подобро Скопје и подобра Македонија“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сите државни ресурси во акција: Три авиони го гаснат пожарот

25/08/2026
Македонија

До 15% поевтин училишен прибор: Владата ја воведува „училишната кошничка“

25/08/2026
Македонија

Топло и сончево време, локално нестабилно во попладневните часови

25/08/2026
Македонија

Мицкоски: Силно го поддржуваме претседателот Трамп и САД

25/08/2026
Македонија

Продолжува судењето за „Пулс“

25/08/2026
Македонија

Три пожари и натаму активни во Македонија, најкритично кај Студеничани

25/08/2026
Македонија

Македонец уапсен во Србија – им понудил пари на полицајци

25/08/2026
Македонија

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам –

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45235
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сите државни ресурси во акција: Три авиони го гаснат пожарот кај Китка

25/08/2026

Интензивната борба со пожарите во областа Каршијак продолжува и денеска, а сите расположливи државни ресурси се ставени во функција на

До 15% поевтин училишен прибор: Владата ја воведува „училишната кошничка“

25/08/2026

Со наближувањето на првиот училишен ден, семејните буџети повторно се соочуваат со дополнителни трошоци за опремување на учениците. За да

Топло и сончево време, локално нестабилно во попладневните часови

25/08/2026

Претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy