Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МВР СО МЕСЕЧЕН БИЛАНС: 121 возач уапсен за „безобзирно возење“, 94 од нив возеле пијани
Македонија

МВР СО МЕСЕЧЕН БИЛАНС: 121 возач уапсен за „безобзирно возење“, 94 од нив возеле пијани

03/11/2025

AA

Министерството за внатрешни работи денеска излезе со детален статистички преглед на сообраќајните контроли спроведени во текот на октомври (01.10.2025-31.10.2025). Како резултат на редовните контроли на патиштата низ земјава, издадени се вкупно 16.801 платни налози.

Најчест прекршок и овој месец останува брзото возење. Од вкупниот број казни, дури 4.821 се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Она што е особено загрижувачко е бројот на лица кои се лишени од слобода за кривично дело „Безобзирно управување на возило“ (член 297-а од КЗ). Во октомври биле уапсени вкупно 121 лице, од кои:

94 за возење под дејство на алкохол

15 за возење со брзина поголема од дозволената во населено место

8 за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место

4 поради возење под дејство на дрога и психотропни супстанци

Според статистичкиот преглед, во текот на октомври биле евидентирани и 4.165 прекршоци за неправилно паркирање. Дури 1.888 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, а изречени се и 373 санкции за возење под дејство на алкохол (кои не спаѓаат во кривичното дело).

Контролите ги опфатиле и останатите учесници во сообраќајот. Санкционирани биле 111 возачи на мотоцикли бидејќи не носеле заштитен шлем (кацига), 232 пешаци кои не ги почитувале правилата и 63 возачи на електрични тротинети. Санкционирани се и 942 учесници во сообраќајот кои не користеле сигурносен појас.

Од сообраќај биле отстранети вкупно 656 возила – 480 од нив биле нерегистрирани, а 176 биле технички неисправни.

Полицијата казнила и 145 возачи поради неисполнување на пропишаните услови за затемнување на стаклата (фолии) и еден возач поради неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци (флешери).

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопшти МВР.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сите државни ресурси во акција: Три авиони го гаснат пожарот

25/08/2026
Македонија

До 15% поевтин училишен прибор: Владата ја воведува „училишната кошничка“

25/08/2026
Македонија

Топло и сончево време, локално нестабилно во попладневните часови

25/08/2026
Македонија

Мицкоски: Силно го поддржуваме претседателот Трамп и САД

25/08/2026
Македонија

Продолжува судењето за „Пулс“

25/08/2026
Македонија

Три пожари и натаму активни во Македонија, најкритично кај Студеничани

25/08/2026
Македонија

Македонец уапсен во Србија – им понудил пари на полицајци

25/08/2026
Македонија

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам –

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45235
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сите државни ресурси во акција: Три авиони го гаснат пожарот кај Китка

25/08/2026

Интензивната борба со пожарите во областа Каршијак продолжува и денеска, а сите расположливи државни ресурси се ставени во функција на

До 15% поевтин училишен прибор: Владата ја воведува „училишната кошничка“

25/08/2026

Со наближувањето на првиот училишен ден, семејните буџети повторно се соочуваат со дополнителни трошоци за опремување на учениците. За да

Топло и сончево време, локално нестабилно во попладневните часови

25/08/2026

Претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy