
Продолжува агонијата на Звезда – четврти пораз по ред за „црвено-белите“
Натпреварот го одбележа рекордот на Мајк Џејмс кој стана најдобар стрелец во историјата на Евролигата, а конечниот исход ја остави Звезда само со теоријата во борбата за пласман на десеттото место кое води во плеј-инот. Ова беше четврти пораз по ред за белградскиот тим во Евролигата каде последен пат триумфираше на 30 јануари.
На Џејмс му беа потребни 12 поени за да го мине Василис Спанулис, а тој го заврши натпреварот со 20. Лука Митровиќ со дабл-дабл од 18 поени и 10 скока ја предводеше Звезда.
Во првиот меч од денешната програма, Анадолу Ефес го победи Баерн со 109-86 и ги задржа шансите за десеттото место на табелата.
