
Проблеми за Милвоки: Адетокумбо се повреди и го очекува долга пауза!
По натпреварот Адетокумбо беше на медицински прегледи кои покажаа дека избегнал посериозна повреда, односно не ја оштетил Ахиловата тетива, но и покрај тоа го очекува долга пауза.
Адетокумбо ќе треба да паузира од две до четири недели, а тоа значи дека ќе го пропушти стартот на плејофот во НБА-лигата кој почнува за 10 дена.
Милвоки во моментов е на втората позиција на Истокот, а до крајот на регуларниот дел од сезоната ќе се бори со Њујорк, Кливленд и Орландо да го задржи местото.
