Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Приведени три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина
Македонија

Приведени три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина

06/05/2026

AA

Секторот за контрола и истраги лиши од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина, осомничени за криумчарење на медицински препарати штетни по здравјето на граѓаните. Извршен е и претрес во салон за убавина, каде се пронајдени криумчарени непроверени дермални филери и други медицински производи кои се користат за убавина, но и за редуцирање маснотии, кои сопственичката на салонот ги користела врз клиенти.

Криминалната шема е разоткриена на влез во државата на граничен премин Табановце, каде е извршена детална контрола на комбе при што се пронајдени вкупно 535 вијали со средство за слабеење и 7.400 етикети со натпис TIRZ 2.5 мг и TIRZ 5 мг скриени во чаршави за постелнина. Возилото, под постојан надзор на мобилен царински тим, го продолжило патот до местото каде што било договорено преземање на пратката од страна на сопственичката на салонот.

Во моментот на исплатата, инспектори од Одделението за истраги ја лишија од слобода, а по налог на јавен обвинител е извршен претрес на салонот, каде се пронајдени и други криумчарени медицински препарати – дермални филери, препарати за разградување дермални филери, производи кои се користат за редуцирање маснотии, контурирање на лице, отстранување на брчки и производи за подмладување. За пронајдените производи не била обезбедена документација за нивната безбедност, исправност и законит увоз, а според сомненијата, истите ги рекламирала и ги употребувала врз клиенти.

Против осомничените, поднесена е кривична пријава до надлежното јавно обвинителство за сторено кривично дело криумчарење и производство и пуштање во промет штетни средства за лекување.

Царинската управа и натаму ќе продолжи со активности со цел заштита на здравјето на граѓаните, при што апелираме дека сите оние кои работат спротивно на закон ќе бидат најстрого санкционирани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
Македонија

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв

29/08/2026
Македонија

Мотоцикл на МВР се судри со „Ауди“ во Пробиштип, повреден

29/08/2026
Македонија

Во деловен објект во Центар фрлена запалива течност, оштетена фасада

29/08/2026
Македонија

Почина режисерот и драматург Кирил Петрески

29/08/2026
Македонија

Инцидент во Желино: Со нож и репетиран пиштол се заканувал

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45332
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови од градот

29/08/2026

Големо невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и покрупен град се движи северозападно од Куманово. Постои можност невремето да

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Ресенско, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе дејствуваат

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Општина Ресен, а според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy