Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Приведен жител од Мала Речица, осомничен дека поставил знаме на Албанија на манастирот на Попова Шапка
Магазин

Приведен жител од Мала Речица, осомничен дека поставил знаме на Албанија на манастирот на Попова Шапка

01/12/2023

AA

Приведено е едно лице од Мала Речица, кое се сомничи дека вчеравечер поставил знаме на Албанија на манастирот на Попова Шапка.

-Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер, околу 23.30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица. Тој се сомничи дека два часа претходно од јарболот на манастирот „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка, додека немало никој во верскиот објект, го симнал црковното знаме на МПЦ-Охридска архиепископија и на негово место го поставил знамето на Република Албанија, информираат од МВР.

По документирање на случајот против Ј.А., кој при симнувањето на црковното знаме бил со уште едно лице по кое се трага, ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Стојанче Ангелов на неговиот фејсбук профил меѓу другото напиша дека  брзата реакција на институциите, но и јавниот притисок можат да ги намалат провокациите кои ја потпалуваат меѓуетничката нетрпеливост.

– Провокациите никако не треба да се премолчуваат туку на нив треба жестоко да се реагира. Само така ќе се обесхрабрат идните потенцијални провокатори. Реакцијата на општеството на вакви провокации треба да биде обединета и единствена без разлика на етничка, верска, политичка или било каква друга припадност. Верувам дека мнозинството Албанци го осудуваат овој варварски чин на сквернавење на црковното знаме. Единствено не видов претставник на албанските политички фактори во Македонија да излезе со јавна осуда на овој чин. А треба, напиша Ангелов.

Тој преку фејсбук го повика лидерот на ДУИ Али Ахмети јавно да го осуди овој провокативен вандалски чин

МИА вчера објави дека две маскирани лица го симнале знамето на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија од јарбол пред храмот Свети Наум Охридски, по што е поставено знаме на Албанија. Претседателот на црковниот одбор го пријавил случајот во СВР Тетово. Настанот е евидентиран преку камери за видео надзор.

-Во 18.05 часот во СВР Тетово, свештеникот од црквата „Св.Наум Охридски Чудотворец“ лоцирана на Попова Шапка, пријавил дека од страна на НН лице од јарболот на црквата е симнато црковното знаме и е поставено знаме на Албанија,  информира вчера Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените

12/04/2026
Македонија

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026
Македонија

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026
Македонија

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот

12/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42395
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените за донирање на органи и

12/04/2026

Државата подготвува значајни измени во системот за донорство на органи, со кои секој граѓанин ќе може лично да се изјасни

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026

Новата учебна 2025/2026 година носи загрижувачки трендови во основното образование, но и мал оптимизам кај средното, покажуваат најновите податоци за

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026

Цените во угостителскиот сектор продолжуваат постепено да растат, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика, што укажува на континуиран

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy