Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Приведен криминалец баран со потерница за издржување казна затвор, криумчарел мигранти од Сирија
Македонија

Приведен криминалец баран со потерница за издржување казна затвор, криумчарел мигранти од Сирија

26/09/2023

AA

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово при Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Д.С.(35) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“ по член 418-б од Кривичниот законик.

На 24.09.2023 околу 18.40 часот на влез во с.Четирце, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот забележале како од патничко возило „опел вектра“, со скопски регистарски ознаки, излегуваат пет лица мигранти, по што возачот не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници и го напуштил местото. На местото биле затекнати пет лица мигранти од Сирија кои биле сместени во Прифатно – транзитен центар Табановце за понатамошна постапка.

По преземени мерки и активности било констатирано дека кривичното дело го сторил Д.С., кој  на 25.09.2023 бил лишен од слобода од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица. Притоа, по извршени проверки било констатирано дека тој бил баран по потерница, врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од девет месеци за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Кшање – Куманово за издржување на затворската казна.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНИЈА НЕПРАВЕДНО Е БЛОКИРАНА НА ЕВРОИНТЕГРАТИВНИОТ ПАТ Сиљановска‑Давкова на меѓународната

20/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека

20/02/2026
Македонија

ПРВА ЕКСТРАДИЦИЈА ОД ОАЕ Флорим Лимани пристигна од Дубаи, ќе

20/02/2026
Македонија

Храброста на баба Росанка од Челопек: „Ме гушеше за да

20/02/2026
Македонија

Падна дрво кај Католичка црква, затворена улицата!

20/02/2026
Македонија

ПРОТЕСТ ВО БЛАТЕЦ ПРОТИВ ХИДРОЦЕНТРАЛА НА БЛАТЕШНИЦА Локалното население во

20/02/2026
Македонија

РЕФОРМИ ВО ЗДРАВСТВОТО: И плата и пензија за дефицитарните специјалисти

20/02/2026
Македонија

ЧАНТАТА НЕ Е РЕАЛНОСТ ЗА РАЗЛИКА ОД ЗЛАТНИТЕ ВИЗИ И

20/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41729
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНИЈА НЕПРАВЕДНО Е БЛОКИРАНА НА ЕВРОИНТЕГРАТИВНИОТ ПАТ Сиљановска‑Давкова на меѓународната Конференција на Паневропската Унија на

20/02/2026

Граѓаните на Македонија се разочарани и уморни од континуираните блокади на нашиот евроинтегративен пат – изјави претседателката Гордана Сиљановска‑Давкова на

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од

20/02/2026

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача претседателката

ПРВА ЕКСТРАДИЦИЈА ОД ОАЕ Флорим Лимани пристигна од Дубаи, ќе ја издржува казна за трговија

20/02/2026

Денеска во нашата земја беше екстрадиран Флорим Лимани (33), кој беше баран со меѓународна потерница. Лимани е осуден на три

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy