Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од 180 дена, Бугарија мора да плати отштета, побара ОН
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од 180 дена, Бугарија мора да плати отштета, побара ОН

11/04/2026

AA

Официјална Бугарија се соочува со притисок откако Комитетот за човекови права на Обединетите нации побара да му исплати оштета на етнички Македонец и да ја преиспита одлуката со која е одбиена регистрација на македонска организација.

Во своите ставови, Комитетот заклучил дека Бугарија го прекршила правото на слобода на здружување на подносителот на жалбата, кој бил коосновач на непрофитна организација за човекови права. Според наодите, бугарските судови го одбиле барањето за регистрација без да понудат јасно и валидно правно образложение.

Комитетот побарал од Софија да ги преиспита домашните судски одлуки, да обезбеди соодветна компензација за подносителот на жалбата – вклучително и надомест на таксите и правните трошоци – како и во рок од 180 дена да достави извештај за преземените мерки.

Случајот се однесува на историчар, етнички Македонец, кој бил член или коосновач на повеќе здруженија на Македонци во Бугарија. Тој тврдел дека ниту една од организациите не била регистрирана поради политика со која се негира македонскиот етнички идентитет.

Во конкретниот случај, подносителот побарал регистрација на невладина организација „Комитет за заштита на човековите права – Толеранција“, врз основа на националниот закон за непрофитни правни лица. Иако ги доставил сите потребни документи и дополнителни информации, судот ја одбил регистрацијата, цитирајќи само одредени законски одредби без детално образложение. Одлуката подоцна била потврдена и од апелацискиот суд.

Комитетот оценил дека ваквите судски одлуки биле нејасни и претерано формалистички, при што домашните органи не ги разгледале дополнителните информации доставени од подносителот ниту објасниле кои законски одредби биле прекршени.

– Целосното остварување на правото на слобода на здружување е камен-темелник на демократското општество – изјави Ивон Дондерс, членка на Комитетот.

Таа нагласи дека здруженијата кои мирно промовираат толеранција и коегзистенција мора да бидат заштитени, дури и кога нивните ставови не ги делат властите или мнозинството.

Комитетот исто така истакнал дека судството има клучна улога во гарантирањето на слободата на здружување и дека заштитата на владеењето на правото е суштинска за демократското општество.

На крајот, Комитетот повторно ја повика Бугарија да ги преиспита одлуките и да обезбеди компензација за подносителот, нагласувајќи дека државите кои го ратификувале Меѓународниот пакт за граѓански и политички права имаат обврска да постапуваат во согласност со неговите одредби и со ставовите на Комитетот.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
Македонија

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е

11/04/2026
Македонија

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42388
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА ДА МЕ ИЗБЕРАТ ВО РАKOВОДСТВОТО

11/04/2026

СДСМ се соочува со сериозна внатрешна криза и пад на довербата кај граѓаните – оцени поранешниот пратеник и професор Иван

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026

Велигденските празници годинава доаѓаат во услови на забележителен раст на цените на основните прехранбени производи, при што јајцата повторно се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy