
ПРИЛИВ НА ПАРИ ОД ГЕРМАНИЈА, ИРСКА, ХОЛАНДИЈА: Oд кои други земји Хрватите испраќаат пари во татковината?
Сè повеќе пари се слеваат во Хрватска од Хрватите кои работат во странство, но и сè повеќе пари испраќаат странски работници од Хрватска во нивните матични држави. Податоците на Хрватската народна банка, покажуваат дека во првите девет месеци од 2024 година, во Хрватска пристигнале вкупно 4,64 милијарди евра дознаки од хрватските државјани кои работат во странство.
Најмногу пари има од Германија, околу 1,8 милијарди евра, а потоа следат Ирска (504 милиони), Холандија (460), Австрија (362) и Словенија (237 милиони евра). Годинава вкупната сума би можела да биде скоро шест милијарди евра. Но, се зголемуваат и сумите што ги плаќаат странските работници на нивните семејства во други земји. Во првите девет месеци најмногу пари има во БиХ, околу 318 милиони евра, потоа во Србија (170), во Непал (143), на Филипини (90) и во Индија (околу 64 милиони евра). Вкупно, странските работници во тој период испратиле во своите земји околу 1,33 милијарди евра. Во Хрватска има повеќе од 206.000 странски работници, а нивниот број постојано се зголемува, па ќе се зголемуваат и дознаките во странство, пренесува Даница.хр.
Foto: DANICA.HR / ILUSTRACIJA