Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Прилепскиот музеј покренува проект за прилепчанецот Окјар, близок соработник на Ататурк и голем турски државник
Македонија

Прилепскиот музеј покренува проект за прилепчанецот Окјар, близок соработник на Ататурк и голем турски државник

04/05/2023

AA

Прилепскиот завод и музеј почнува обемен проект за оддавање почит на прилепчанецот Али Фети Окјар, кој станал истакнат државник на Република Турција и близок соработник на таткото на модерна Турција, Кемал Атататурк. Ова беше нагласено на денешната прес-конференција во Музејот, каде го најавија почетокот на проектот в понеделник со истакнати гости и блиски на големиот турски државник, роден прилепчанец. Музејот покренува иницијатива соодветно Окјар во Прилеп да добие спомен-соба или да биде именувана улица со неговото име.

Проектот е по повод 80 години од смртта на Али Фети Окјар, 85 години од смртта на Ататурк и 100 години од создавањето на Република Турција.

-Го најавуваме проектот, кој опфаќа истражување и изложба за прилепчанецот Али Фети Окјар. Роден во Прилеп и еден од првите, најблиски соработници на таткото на современа Турција, Кемал Ататурк. Цел живот се поддржуваат и низ сите активности и должности што ги извршуваат се и двајцата најважни личности, можеби, за создавањето на турската република, изјави Рубин Белчески, исторчар од Заводот и Музеј и носител на проектот.

Бил двапати премиер на Република Турција, петпати пратеник, но и претседател на турското Собрание, министер за внатрешни работи и за правда, амбасадор на Турција во Бугарија, Франција и во Велика Британија. Едноставно – близот соработник на таткото на современа Турција – Мустафа Кемал Ататаурк. Заедно ги биеле битките за создавањето на новата, современа држава. Окјар се родил во Прилеп во 1880 година. Со Кемал Ататаурк заедно учел во битолската Воена гимназија, а потоа и на Воената академија во Истанбул. Во родниот Прилеп за Окијар малку се знае, а нема траги во прилепскиот архив.

-Со самата изработка на проектот, имаме предвид дека може да покренеме иницијатива, во соработка со локалната самоуправа да отвориме спомен-соба на Окјар, како што има за Ататурк во Битола. Дали ќе биде или име на улица, ќе одлучуваме. И со поддршка на други институции да потсетиме за значењето на Али Фети Окјар за соработката и унапредување на и онака добрите односи со Република Турција. Тоа многу ќе значи за стопанската, културната соработка и за туризмот, воопшто. Проектот официјално почнува в понеделник. Инаку на 7 мај се навршуваат 80 години од смртта на Окјар. В понеделник од 18 часот во прилепската Градска библиотека „Борка Талески“ меѓу другите ќе бидат и амбасадорот на Турција во Македонија, конзулот, неговиот внук од син Али Фети Окјар, кој ќе пристигне од Истанбул. Ќе има и фото презентација на Окјар, изјави Белчески.

Академик Луан Старова во својата книга „Потрага по Елен Лајбовиц“ потврдува дека Фети Окјар е вујко на татко му по мајчина линија.

Историчарот Белчески смета дека Прилеп треба да му оддаде почит на својот славен жител.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy