Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Прилеп: За две недели дури 5 каснувања од змии – што никако не смеете да правите во тој момент?
Македонија

Прилеп: За две недели дури 5 каснувања од змии – што никако не смеете да правите во тој момент?

22/07/2023

AA

За 60-тина насто се зголемени интервенциите на службата за итна медицинска помош во Прилеп и за 20 до 30 повеќе амбулантски прегледи на пациенти од вообичаеното. Во викендот интервенциите и повиците се уште поголеми. Прилепската служба на Итната помош со полни раце работа, а екипите се снаоѓаат како знаат и умеат за да им пружат медицинска помош на жителите во Прилепскиот регион. Најчести пациенти се оние со хроничните заболувања.

-Имаме премногу работа и една екипа од тројца- четворица лекари, четири медицински сестри и тројца шофери се снаоѓа како што може. Доволно сме екипирани, но мора да се каже дека е и време на годишни одмори, па и за персоналот. Се обидуваме да комбинираме од смена во смена и да ги опслужуваме сите пациенти. На терен се интервенира секаде. Има многу вртоглавици, најчести интервенции се кај повозрасната група граѓани кои имаат хронични кардиоваскуларни, респираторни хронични болести. Зголемен крвен притисок, астма, хронична белодробна болест, омалаксаност вртоглавици, вели доктор Даниел Аврамовски, началник на службата за Итна помош од Прилеп.

Зголемени се каснувањата од инсекти, крлежи, а последниве две недели имале пет интервенции на граѓани каснати од змии. За среќа, не завршиле фатално, а три случаи се префрлени на клиниките во Скопје.

Во овие две -три недели имавме пет каснувања од змии, на полињата каде работат полски работи. Пациентите се жалаат на каснувања од инсекти. Паниката е многу поголема од здравствениот проблем. Битно е првилен одговор на лекарот. Кај пациентите каснати од змии, за среќа немаа фатални компликации. Се препраќаат на инфективното одделение, три случаи пративме на клиниките во Скопје. Беа во добра здравствена состојба, се дава серум, се снаоѓаме. Во прилепско најмногу ја има отровната змија поскок, но битно е пациентот да не паничи и да даде вистински одговори за да реагираме. Има и каснувања од крлежи, објаснува д-р Аврамовски.

Остануваат препораките да се внимава, да не се излегува на жештините, да се конзумираат течности и при секоја промена да се консултираат со лекар. Прилепската Служба за итна медицинска помош дава здравствени услуги на околу 100 000 жители од Прилепскиот регион.

Д-р Слободан Китановиќ, специјалист по итна медицина, предупредува дека најважното кај каснување од змија е човекот да остане смирен и што помалку да се движи.

„Со движење, односно ако човек почне да трча, се подобрува циркулацијата и отровот брзо се шири во телото. Треба да се одморите и, по можност, да ја измиете раната или местото на каснувањето со вода, да ставите газа или чисто марамче и веднаш да повикате брза помош“, изјави Китановиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Исплатени 338 милиони денари за 9.567 овоштари

19/02/2026
Македонија

Половина милион денари од буџетот завршиле за личен долг на

19/02/2026
Македонија

КАМЕНОЛОМИ КАЈ ИЗВОРОТ „ШУМ“ ЈА ЗАМАТИЛЕ СТРУШКАТА ВОДА Две фирми

19/02/2026
Македонија

ОЈО ГОКК ќе се жали на пресудите од „ПРЕМИН“

19/02/2026
Македонија

Сиљановска -Давкова: Мајчиниот јазик е чувар на семејната и национална

19/02/2026
Македонија

Нови амбасадори на повидок – Давкова вели дека повеќе од

19/02/2026
Македонија

„ЌЕ ДЕЛИШ ПАКЕТИ ВО ЦРКВА“ Им дал лична карта, му

19/02/2026
Македонија

„Марш на ангелите“ во сабота: Чекориме за да потсетиме дека

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41668
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Исплатени 338 милиони денари за 9.567 овоштари

19/02/2026

Над 9.500 овоштари добија финансиска поддршка од државата, откако се реализираше исплата од 338.468.141 денари за одржување на постојните овошни

Половина милион денари од буџетот завршиле за личен долг на поранешниот градоначалник на Росоман –

19/02/2026

ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека

КАМЕНОЛОМИ КАЈ ИЗВОРОТ „ШУМ“ ЈА ЗАМАТИЛЕ СТРУШКАТА ВОДА Две фирми ископувале на помалку од киломатар

19/02/2026

Ископувањата направени околу изворите во „Шум“, се главна причина што ја предизвикала матноста на водата од која се снабдуваат Струга

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy