
Прилеп без милост за Скопје 2020, Куманово со триумф се враќа од Неготино
Куманово по првите 15 минути имаше водство од 9-6, но Вардар Неготино не се предаваше и набрзо израмни на 11-11, по што продолжи големата борба и се играше гол за гол сè до финишот на првиот половина час кога гостите стигнаа до 18-17.
Во вториот дел повторно се водеше голема борба, а Куманово создаде предност од два гола (27-25) во 47. минута. Иако Вардар се обидуваше да ја врати неизвесноста и беше блиску до такво нешто, сепак гостите додадоа гас и го решија ривалот (34-30).
Прилеп оствари голема победа на гостувањето кај Скопје 2020 со 32-21, додека Мулти Есенс и Голден Арт одиграа нерешено (30-30).
Пелистер 2 и Прилеп имаат по 21 бод по осум одиграни кола, по што следи Куманово со 20, додека Вардар Неготино има 15 бода.
