Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Претставници на Јавното обвинителство и на ДКСК на работна средба за следењето на изборниот процес
Македонија

Претставници на Јавното обвинителство и на ДКСК на работна средба за следењето на изборниот процес

21/03/2024

AA

Со цел ефикасна координација меѓу двете институции при следење на претстојниот изборен процес, претседателот на Комисијата за следење на евентуални нерегуларности и кривични дела поврзани со изборите, јавниот обвинител Џељаљ Бајрами и претставници на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија вчера одржаа прв работен состанок со претставниците на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) предводени од претседателката на Комисијата Татјана Димитровска.

На средбата се дискутираше за подготовките на Јавното обвинителство и на ДКСК, согласно надлежностите на секоја од двете институции, за ефикасно постапување со цел гаранција на мирен и фер изборен процес, како и санкционирање на сите оние кои евентуално би се обиделе да го нарушат.

Јавниот обвинител Бајрами го појасни составот и начинот на функционирање на Комисијата формирана во Јавното обвинителство, динамиката на постапување по предметите поврзани со изборни нерегуларности и начинот на следење на предметите оформени по пристигнати известувања на посебната електронска адреса за пријавување: [email protected]

Претседателката на ДКСК Димитровска ги презентираше отпочнатите активности на Антикорупциската комисија во предизборниот период и воспоставената база на податоци за службени возила кои ги користат институциите како прва активност за следење на нивното користење во предизборието.

Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата ќе одржуваат директна комуникација и непосредно ќе се координираат при постапувањето по сите пријави и претставки кои се однесуваат на евентуални изборни нерегулaрности.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ НЕМА СТРАВ ОД ОНА ШТО МОЖЕ ДА ГО КАЖЕ

26/02/2026
Македонија

ДАЛИ ИСКАЗОТ НА ГРУБИ ЌЕ ГИ ПОВЛЕЧЕ ОРТАЦИТЕ НА ФИЛИПЧЕ?

26/02/2026
Македонија

ДО 13.000 ДЕНАРИ ПОМАЛКУ ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ Експресно изгласан пакетот закони

25/02/2026
Македонија

СОНЧЕВО И СТАБИЛНО ДО КРАЈОТ НА СЕДМИЦАТА Температурите ќе достигнат

25/02/2026
Македонија

И ВТОРАТА ЖЕНА ВО СЛУЧАЈОТ СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПОЧИНАЛА ОД НАСИЛНА

25/02/2026
Македонија

Филипче: Граѓаните веќе немаат трпение – на младите не им

25/02/2026
Македонија

УСТАВЕН ГИ „ЗАКЛУЧИ“ ЗГОЛЕМУВАЊАТА НА ПЕНЗИИТЕ ЗА НЕРЕЗИДЕНТИ Пензионерите во

25/02/2026
Македонија

Дел од Кисела Вода без вода вечерва!

25/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ НЕМА СТРАВ ОД ОНА ШТО МОЖЕ ДА ГО КАЖЕ ГРУБИ Секој што го прекршил

26/02/2026

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вечерва изјави дека со враќањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој е во домашен притвор

ДАЛИ ИСКАЗОТ НА ГРУБИ ЌЕ ГИ ПОВЛЕЧЕ ОРТАЦИТЕ НА ФИЛИПЧЕ? Во СДСМ во паника вртеле

26/02/2026

Венко Филипче и СДСМ се единствените кои се исплашени заради корупцијата и криминалот на структурите блиски до СДСМ, велат од

ДО 13.000 ДЕНАРИ ПОМАЛКУ ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ Експресно изгласан пакетот закони за намалени плати

25/02/2026

Собранието вечерва во рамки на 89. седница без расправа го донесе пакетот закони со кои се нивелираат платите на избраните

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy