Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Претседателот Пендаровски во посета на Куманово и општина Липково
Македонија

Претседателот Пендаровски во посета на Куманово и општина Липково

28/12/2023

AA

Претседателот Пендаровски по повод новогодишните празници денеска го посети Дневниот центар за деца со попреченост „Имаго плус“ во село Оризари, општина Липково и одделението за детски болести на ЈЗУ Општа болница – Куманово.

Во Дневниот центар за деца со попреченост „Имаго плус“ претседателот Пендаровски се запозна со активностите и со видовите на третман кои таму им се пружаат на 15 деца со попреченост на возраст од 2 до 14 години. Во разговорот со стручните лица во Дневниот центар, односно специјален едукатор, логопед, психолог и физиотерапевт, претседателот Пендаровски беше информиран дека центарот нуди индивидуални третмани, а во попладневните часови се организираат различни активности кои вклучуваат групна терапија, окупациона терапија, арт терапија и активности за поттикнување на нивниот развој.

Дневниот центар за деца со попреченост “Имаго Плус“ функционира од 2020 година како дел од проект за подобрување на социјалните услуги, поддржан од Министерството за труд и социјална политика, а финансиран од Светска банка и истиот опфаќа услуги за дневен престој, индивидуален третман, рехабилитација, реинтеграција и ресоцијализација на децата со попреченост во заедницата.

Во кумановската Општа болница претседателот Пендаровски го посети одделението за детски болести. Одговорните лица на оваа установа од секундарна здравствена заштита го информираа претседателот Пендаровски за начинот на функционирање и притоа потенцираа дека освен жителите на Куманово, сеопфатна, континуирана и безбедна здравствена заштита добиваат и граѓаните на општините Липково и Старо Нагоричане, како и на помалите соседни општини Крива Паланка, Ранковци и Кратово, со примена на најсовремени медицински достигнувања со цел брзо и ефикасно лекување на пациентите.

За време на посетата, претседателот ги посети дечињата кои престојуваат на одделението за детски болести и им подели новогодишни пакетчиња посакувајќи им побрзо закрепнување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
Македонија

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42389
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од 180 дена, Бугарија мора да

11/04/2026

Официјална Бугарија се соочува со притисок откако Комитетот за човекови права на Обединетите нации побара да му исплати оштета на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy