Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Претседателот Пендаровски се обрати на затворањето на годинешниот самит на Македонија 2025
Економија

Претседателот Пендаровски се обрати на затворањето на годинешниот самит на Македонија 2025

27/04/2023

AA

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на затворањето на годинешниот самит на Македонија 2025, што во изминатите два дена се одржа во Скопје.

„Имам особена чест и задоволство да ви се обратам на завршувањето на овогодинешниов самит на Македонија 2025. Овој традиционален настан секоја година ги собира лидерите, бизнисмените и инвеститорите, со цел, споделување на информации, искуства, знаења, вмрежување и меѓусебна соработка. Имајќи ги предвид портфолијата на гостите кои доаѓаат од целиот свет, вооопшто не е изненадување што сведочевме на интересни дискусии на актуелни теми на практично сите тематски панели. И годинава и учесниците и гостите имаа единствена можност да се запознаат со економските случувања, можностите и потенцијалите за инвестирање, новите технологии, како и со иновативните и креативни бизнис решенија. Верувам дека како резултат на дводневната интензивна агенда во блиска иднина ќе посведочиме и на конкретна имплементација на проекти и иницијативи кои ќе бидат од полза за сите инволвирани. Се разбира, самитот пред сè, е и извонредна можност за промоција на Република Северна Македонија како бизнис дестинација, отворена за инвестиции и примена на различни продуктивни бизнис модели и идеи. Уверен сум дека таа цел беше исполнета, како и интенцијата да се привлечат бизнисмените од дијаспората, се разбира, не само од патриотски и сентиментални причини, туку поради конкретни бизнис можности за инвестирање и остварување на профит“, рече претседателот. 

Според него, додадена вредност на годинашниов самит, што се случи практично уште пред официјалното отворање, беше доделувањето на нововостановеното Признание за придонес на припадниците на дијаспората, што има за цел да ги вреднува активностите на нашите луѓе во дијаспората кои индивидуално, или во рамките на нивните организации даваат значаен придонес кон економскиот и општествениот развој, образованието, научно-истражувачката работа, волонтерството, културата и уметноста во матичната држава и како што знаете први добитници на ова признание, сосема заслужено се Софи и Митре Кутановски.

„Живееме во динамичен свет кој, за жал, е разнишан од геополитички потреси, безбедносни и економски кризи, здравствени закани. Економијата, и на локално и на светско ниво е особено на удар и тоа има сериозни импликации врз нашето здравје и врз нашата благосостојба. Затоа ни треба посветеност, солидарност, соработка и креативност, за да обезбедиме стабилност и просперитет. Македонија 2025 како една од најзначајните меѓународни организации формирана од припадниците на македонското иселеништво веќе 16 години посветено и систематски работи на поддршка на македонските граѓани и држава, низ различни форми и содржини. Без дилеми, самитот како една од најзначајните активности на Македонија 2025, има особено значење и вредност за нашата бизнис заедница, експертите, но и воопшто за целата држава. И во оваа прилика би сакал да потенцирам дека високо ги почитувам и вреднувам активностите и заложбите на Македонија 2025. Вие сте организација која реално придонесува за блиски и продуктивни врски на Република Северна Македонија со својата дијаспора и ве охрабрувам да продолжите со истиот интензитет и во иднина“, изјави Пендаровски. 

Верува дека ја добиваат сета потребна поддршка од македонските државни институции, од локалната бизнис заедница и од целокупната македонска јавност која ги препознава нивните напори. 

„Ефектите од вашата работа не може да се почувствуваат инстантно и да се проценуваат на краток рок, тие се долготрајни и поврзани и зависни од цела редица фактори. Очекувам анализите и евалуацијата на проектите и програмите да исфрлат конкретни показатели за постигнатите резултати и секако проекции за иднината“, додава претседателот. 

Тој се заблагодари на организаторите, учесниците и гостите на самитот. Верува дека имале пријатен престој во земјава и дека се вложивте во еден навистина значаен настан. Пендаровски им посака пред сè, добро здравје, среќа, бериќет и вгодина повторно да се видат на самитот на Македонија 2025.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Состојбата во Гостивар стабилна, има 84 нови прегледи

03/08/2026
Македонија

Вонреден инспекциски надзор во Струмица, Штип и Скопје, случајот со

03/08/2026
Македонија

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според

02/08/2026
Македонија

На 103 години почина д-р Никола Стојановски, претседавач на првото

02/08/2026
Македонија

Скопјанец тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со автомобили

02/08/2026
Македонија

Ангелов: Под контрола дваесетина пожари ширум земјава, водата во Гостивар

02/08/2026
Македонија

Вкупно 21 пожар низ Македонија, се уште активни во Крива

02/08/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид: Четири лица повредени, од кои

02/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44818
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Состојбата во Гостивар стабилна, има 84 нови прегледи

03/08/2026

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во

Вонреден инспекциски надзор во Струмица, Штип и Скопје, случајот со пациентката ќе се испита темелно

03/08/2026

Во врска со случајот што во последните дена е предмет на јавен интерес, а се однесува на третманот на пациентка,

ВЕЧЕРВА ПОЧУВСТВУВАН ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Магнитуда од 2,5 степени според Рихтер

02/08/2026

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека вечерва е регистриран слаб земјотрес во скопското епицентрално подрачје. ​Според официјалните

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy