Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Престижната листа „ BEST OF THE WORLD 2026“ го препорачува Црноморскиот брег во Туркије како една од најатрактивните дестинации
Македонија

Престижната листа „ BEST OF THE WORLD 2026“ го препорачува Црноморскиот брег во Туркије како една од најатрактивните дестинации

11/11/2025

AA

Црноморскиот брег на Туркије неодамна беше вклучен на престижната листа „BEST OF THE WORLD 2026“ на глобално познатиот и реномиран медиумски бренд за патувања, природа и култура National Geographic.

Ваквото признание има големо значење за овој регион во Северна Туркије, претставувајќи го како алтернатива за патници што бараат авантура и сакаат да ја доживеат автентичната турска култура, далеку од метежот на познатите туристички места.

BEST OF THE WORLD е листа што секоја година се подготвува од уредниците и од туристичките експерти на National Geographic, а во неа се презентирани 25 дестинации во светот кои според нив се најинспиративни за посета во следната година.

Иако National Geographic забележува дека Црноморскиот регион сѐ уште е помалку познат, предвидува дека може да биде ставен на мапата на туристите, не само поради песочните плажи, туку и заради богатата архитектура, културното наследство, густите шуми, како и препознатливата регионална кујна. Овој регион се одликува со бујни природни предели, а впечатокот го дополнуваат традиционалните турски села, познати по својата смиреност.

Признанието „BEST OF THE WORLD 2026“ е континуитет на бројни други одликувања што ги има добиено Црноморскиот регион, меѓу кои вклучувањето на листата „Best places to visit in 2024“ на CNN Travel, како и на водичот „Best in travel 2025“ на Lonely Planet, со градовите Орду и Гиресун.

Црноморскиот брег во минатото бил центар на трговијата по Патот на свилата. Денес, пак, северноанадолските планини кои се дел од алпско-хималајскиот геолошки појас се полни со национални паркови. Препорака од National Geographic е туристите да ги посетат сталактитите и сталагмитите во пештерата Караџа во Гимушхане стари милиони години, да искусат рафтинг на реката Фиртина, или, пак, да доживеат возбудливо зиплајнинг искуство на платото Ајдер во Ризе.

Исто така, Црното Море е ретко место каде што во еден исти ден може и да се сурфа на бранови, и да се ужива во сноубординг или скијање на снег, зависно дали туристите се долу на песочните заливи, или, пак, се на повисоките точки, како што е Чамбаши во Орду и Овит во Ризе. Секако, се советува да се посетат и средновековните замоци, на пример Зил Кале во Ризе, Манастирот Сумела и Аја Софија во Трабзон, како и традиционалните населби.

Списанието се осврнува и на гастрономските искуства во регионот. Свежата риба и морските плодови се деликатеси кои доминираат, а најпознат е хамсили пилавот, односно ориз со сардели. Препорака е да се вкусат и кујмакот – појадок со пченкарно брашно и сирење, ќофтињата од Ачкаабат, разновидните пиди, сармите, како и Хамсикој сутлач – сладок оризов пудинг. Орду и Гиресун се познати по тоа што оттаму потекнуваат најдобрите лешници, а Ризе, Трабзон и Артвин се прочуени по плантажите со чај. Во селото Ќеќева во Ризе се организираат тури за берба на чај, што се смета за едно од најавтентичните искуства на овој брег во Туркије.  

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026
Македонија

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026
Македонија

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата

02/03/2026
Македонија

ОЈО СО ПРВИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ Наредена обдукција

02/03/2026
Македонија

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ!

02/03/2026
Македонија

ОЈО: Наредена обдукција на телата на починaтите жена и дете,

02/03/2026
Македонија

„СЕДИ ДОМА И СИ ПИЕ ЧАЈ“ Димитриевски вели дека куќниот

02/03/2026
Македонија

„Денес се случи убиство, целиот наш систем потфрли!“

02/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42153
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026

Сообраќајна несреќа се случи вечерва кај Соборниот храм во Центар. Се претпоставува дека возачот изгубил контрола и се качил на

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата ќе плати 37 милиони евра

02/03/2026

Министерот за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека во проектот за автопатот Кичево–Охрид биле изоставени клучни безбедносни елементи, меѓу кои

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy