Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Премиерот и сопругата пристигнаа во Литванија, Ковачевска ќе се сретне и со сопругата на Зеленски
Македонија

Премиерот и сопругата пристигнаа во Литванија, Ковачевска ќе се сретне и со сопругата на Зеленски

10/07/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски и сопругата Елена веќе пристигнаа во Вилнус, Литванија на НАТО самитот кој започнува утре.

„На Самитот на НАТО премиерот Ковачевски e придружуван од лекарката Елена Ковачевска, која ќе има свои активности во рамките на програмата за сопружници во организација на Првата Дама на Литванија, г-ѓа Дијана Науседа“, велат од Влада.

Сопругата на премиерот, Ковачевска ќе го посети Центарот за деца и жени од војната во Украина, каде ќе се сретне со првата дама на Украина г-ѓа Олена Зеленска. Во рамките на посетата, г-ѓа Ковачевска ќе присуствува и на настаните посветени на литванската култура и уметност.

Во составот на владината делегација се министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Како што дознава 4NEWS.mk премиерот попладнево со владиниот авион пристигнал во Литванија.

На Самитот на НАТО во престолнината на Литванија, Вилнус ќе зборува за ургентни безбедносни предизвици. Во фокусот на состаноците на лидерите на Северноатлантскиот совет предвидено е да се зајакне поддршката за Украина и да се зајакне врската на НАТО со Украина преку составот на Советот на НАТО-Украина. Лидерите ќе зборуваат за унапредување на одбранбените капацитети, споделување на обврските за снабдување со ресурси, и нови одбранбени регионални планови и зајакнување на партнерствата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАГЛИВО И ВРНЕЖЛИВО ЦЕЛА СЕДМИЦА На планините ќе падне снег

08/02/2026
Македонија

КРАЈ НА ПРИВРЕМЕНИТЕ ДИРЕКТОРИ, УДАР ПО СТАРИТЕ ПРАКТИКИ Минчев најавува

08/02/2026
Македонија

НЕМА ДА МУ СЕ ИЗВИНАМ НА ЗАЕВ, ТОЈ ДА Ѝ

08/02/2026
Македонија

АРМ: Нема нови случаи на шуга кај војниците, состојбата се

08/02/2026
Македонија

📷 ЛИЗГАВИОТ МАГЛИВ ПАТ ИМ ГО ПОМАТИЛ ПЛАНОТ НА КИДНАПЕРИТЕ

08/02/2026
Македонија

Мицкоски: Нема да се изненадам ако заплената на марихуана достигне

08/02/2026
Македонија

Села бара конкретни мерки за употребата на албанскиот јазик и

08/02/2026
Македонија

Работник во електродистрибуција во КЕЦ Битола спаси маче заплеткано во

08/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41212
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАГЛИВО И ВРНЕЖЛИВО ЦЕЛА СЕДМИЦА На планините ќе падне снег

08/02/2026

Времето утре, 9 февруари, ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над

КРАЈ НА ПРИВРЕМЕНИТЕ ДИРЕКТОРИ, УДАР ПО СТАРИТЕ ПРАКТИКИ Минчев најавува мерит-систем за 100 институции

08/02/2026

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација,

НЕМА ДА МУ СЕ ИЗВИНАМ НА ЗАЕВ, ТОЈ ДА Ѝ СЕ ИЗВИНИ НА МАКЕДОНИЈА Петрушевски

08/02/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција објави дека нема ниту намера ниту потреба да му се извини на екс-лидерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy