Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Прекршочна постапка против градоначалникот на Карпош – не овозможил пристап за лицата со попреченост до канцеларијата на пратениците
Магазин

Прекршочна постапка против градоначалникот на Карпош – не овозможил пристап за лицата со попреченост до канцеларијата на пратениците

14/08/2023

AA

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) ќе поднесе барање за покренување прекршочна постапка против градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, бидејќи не постапил по нивните препораки за спречување на дискриминацијата на лицата со попреченост во врска со пристапот до канцелариите за комуникација на граѓаните со подрачните пратеници, пишува Порталб.мк.

Врз основа на истражувањето на Порталб.мк објавено на 24 септември 2022 година, во декември 2022 година, КСЗД донесе мислење преку кое констатира дека Општина Карпош извршила дискриминација кон граѓаните со попреченост, кои се жители на оваа општина, прекршувајќи го истовремено и Уставот. Како што соопшти Порталб.мк, канцелариите се наоѓаат на надвозникот „Влајко“, каде што лифтовите и електричните скали не работат.

По констатирање на дискриминацијата, Комисијата ѝ дала на Општина Карпош две препораки со конкретни рокови:

  1. Општина Карпош да изработи акционен план со специфицирање на конкретни активности, временски рокови и финансиски импликации за овозможување на соодветно прилагодуваље кое ќе им овозможи пристап на лицата со попреченост до канцелариите за контакт на граѓаните со пратениците на Собранието на Република Северна Македонија. Општина Карпош е задолжена да постапи во согласност со оваа препорака и да го достави акциониот план писмено или во електронска форма до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во рок од 30 дена од денот на приемот на мислењето.
  2. Општина Карпош ќе ги реализира сите неопходни мерки и активности за овозможување на соодветно прилагодување со кое ќе се овозможи пристапот на лицата со попреченост до канцелариите за контакт на граѓаните со пратениците на Собранието на Република Северна Македонија. Општина Карпош е задолжена да постапи согласно оваа препорака и да го отстрани прекршувањето на правото во рок од 180 дена од приемот на мислењето и за истото да ја извести Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Меѓутоа, предвидениот рок од 180 дена, односно шест месеци е изминат, но од Општина Карпош сè уште не ја отстраниле дискриминацијата.

Од КСЗД велат дека за ова, тие отпочнале дејствија за поднесување на барање за покренување на прекршочна постапка, против одговорното лице, што во конкретниот случај е градоначалникот.

„Ве информираме дека до денот на доставување на овој одговор, Комисијата не добила писмено известување за постапување согласно препораките од страна на лицето на кое истите се поднесени, за што, согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација отпочнати се постапки за поднесување на барање за покренување на прекршочна постапка“, велат од Комисијата.

Порталб.мк побара став од Општина Карпош, меѓутоа оттаму не добивме одговор.

Претходно, од оваа општина изјавиле дека ќе ги реализираат препораките на КСЗД за конкретниов случај, но такво нешто, според верификациите на Порталб.мк сè уште не се случило.

Последниот пат екипата на Порталб.мк местото го посети на 23 мај, но како и првиот пат, и при оваа посета вратата на Канцеларијата беше затворена. За иронија, до оваа канцеларија, над мостот, се наоѓа и „Инфо канцеларијата за домашна помош и нега“. Вратите на оваа канцеларија се покриени со фотографии на стари лица на кои им помагаат медицински сестри и медицински персонал.

„Нега за стари лица во домашни услови во Општина Карпош. Бидејќи само домот е дом“, се вели во натписите.

Но, овие натписи не се во можност да ги видат старите лица и тие со попреченост бидејќи се наоѓа на мостот со 30 скали, каде што не работат ниту лифтот ниту електричните скали.

Според написот на Порталб.мк, граѓаните треба да ги бараат насекаде вработените на Канцелариите за контакт со граѓаните, кои се ангажирани на одредено работно време да овозможат комуникација на пратениците со граѓаните. Порталб.мк посети 4 канцеларии на различни локации, односно Тетово, Чаир, Карпош и Шуто Оризари за да види одблизу како функционираат. Според тоа што го видовме на терен, овие канцеларии не го почитуваат работното време, додека некои од нив не одговараат ниту на телефонски повици. Граѓаните имаат потешкотии да контактираат со претставниците на пратениците кои треба да ги сослушаат нивните грижи и потреби, за потоа истите да се доставуваат до Собрание за да се изнајде одредено решение.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

11/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто место треба да се вратиме

10/04/2026

СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и северозападен ветер

10/04/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy