Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Предлог-Законот за Судски совет едногласно го помина првиот собраниски филтер, поддршка доби  и од опозицијата
Македонија

Предлог-Законот за Судски совет едногласно го помина првиот собраниски филтер, поддршка доби  и од опозицијата

11/12/2025

AA

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија ја усвоија потребата од донесување на новиот Предлог Закон за Судски совет кој претставува основа за суштинска реформа во правосудството. Предлог законот доби поддршка од сите членови на комисиите, вклучително и од опозицијата.

Министерот за правда , Игор Филков образложувајќи ја потребата од носење на законот истакна дека со него се поставуваат темелите на независна и функционална судска власт, што е предуслов за владеењето на правото.

„Денеска почнуваме со сетот реформски закони – нешто што сме го ветиле на изборите и го испорачуваме пред граѓаните.Постоечкиот закон од 2019 година, според сите релевантни анализи – Европската комисија, Стејт департментот, експертската јавност и граѓанскиот сектор укажаа на  сериозни недостатоци:

Овие слабости, како што посочи министерот, ја наметнале потребата од целосно редефинирање на положбата, надлежностите и критериумите за работа на Судскиот совет, со јасна цел – враќање на довербата во правосудството.

,,Со овој закон во Министерството е започната нова ера на работа и функционирање, во којашто секој битен и суштински закон за граѓаните на Република Македонија ќе се изготвува низ отворен, јавен и транспарентен процес. Фокусот на изготвувањето на законите е, донесување на квалитетни законски решенија – нешто што досега не било пракса во Министерството за правда,”потенцира министерот за правда Игор Филков.

Клучни новини во предложениот Закон се:

Министерството за правда спроведе транспарентен процес на изработка на законот:

-Експертска оценска мисија на Европската комисија (септември–декември 2023),

-Јавни консултации низ државата (ноември–декември 2024),

-Работна група составена од експерти, судии, членови на Советот и граѓанскиот сектор (2025),

-Објавување на нацрт-законот на ЕНЕР и разгледување на сите пристигнати коментари,

-Комплетна интеграција на препораките на Венецијанската комисија (јуни 2025).

Предлог Законот за Судски совет ќе се најде на дневен ред на собраниска седница на 16 декември.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се

28/08/2026
Македонија

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026
Македонија

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026
Македонија

8 активни пожари на отворено, три се под контрола

28/08/2026
Македонија

Завршува летниот режим: ЈСП од 1 септември со зимски возен

28/08/2026
Македонија

Семејна драма во Македонска Каменица: Снаата ја нападнала свекрвата, па

28/08/2026
Македонија

Венецуелка пријавила физички напад во апартман во Центар, ѝ биле

28/08/2026
Македонија

Муцунски се прости од кралот Харалд V: „Длабоко сум погоден

28/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45314
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се знае во септември

28/08/2026

Пензионерите на почетокот на септември ќе дознаат колкаво ќе биде новото зголемување на пензиите, а првичните пресметки покажуваат раст од

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026

Непочитувањето на сообраќајните правила повторно резултираше со голем број полициски интервенции низ земјава. Во текот на изминатото деноноќие, 16 возачи

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026

Жешкиот воздушен бран од Африка денеска носи и зголемено количество сахарска прашина и песок над Македонија, поради што атмосферата на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy