Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маж упаднал во студиото на Инфомакс, ја обил вратата, им се заканувал дека ќе ги убие, па фрлал чаши кон нив!
Македонија

Маж упаднал во студиото на Инфомакс, ја обил вратата, им се заканувал дека ќе ги убие, па фрлал чаши кон нив!

11/12/2025

AA

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска став 1, како и кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот делото го извршил синоќа, во просториите на студиото на Инфомакс, во моменти додека се емитувала онлајн програма во живо. Тој ја обил надворешната врата во дворот, како и уште две врати на објектот, влегол внатре и започнал со  насилничко и агресивно однесување,  заканувајќи им се на двајца новинари, гостин и уште еден вработен дека ќе ги убие поради искажани навреди за премиерот.

Започнал да замавнува и да пробува да се пробие и да дофати еден од новинарите, фрлал со чаши кон нив, ги влечел и ги туркал додека не го изнеле надвор и не повикале полиција.

Како резултат на настанот, новинарите биле спречени во извршувањето на нивната службена должност, односно морале да го прекинат емитувањето на програмата. Исто така, од чинот на насилство сите присутни се почувствувале исплашени и загрозени за своите животи и за својата безбедност.

Јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, а со оглед на добиени  информации од кривичната пријава за неговата претходна здравствена состојба, во текот на постапката ќе биде наредено и психијатриско вештачење на осомничениот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Алиу ги разрешува дилемите во јавноста: Модуларните сали од Клинички

18/06/2026
Македонија

Над 340 граѓани побарале помош преку „Отворениот кабинет“ на Министерството

18/06/2026
Македонија

Алиу: Спас за донацијата од 500.000 долари за хемофиличарите –

18/06/2026
Македонија

Алиу ја открива визијата за Новиот клинички центар: „8 Септември“

18/06/2026
Македонија

Алиу: Системот со отпечатоци од прст е поевтин чекор, срамота

18/06/2026
Македонија

Алиу: Здравствениот систем нема да се креира според желби на

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува воведување парамедици во Итната помош и целосна заштита

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува револуција во Итната помош: Посебна институција, 100 нови

18/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43815
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Алиу ги разрешува дилемите во јавноста: Модуларните сали од Клинички лесно се преместуваат, со регионализација

18/06/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, во интервјуто за „Ноќно студио“ на „4ТВ“ одговори на двете главни дилеми кои подолго време

Над 340 граѓани побарале помош преку „Отворениот кабинет“ на Министерството за здравство

18/06/2026

Проектот за директна комуникација со граѓаните преку веб-страницата на Министерството за здравство почна да ги дава првите финални резултати. Како

Алиу: Спас за донацијата од 500.000 долари за хемофиличарите – лековите пратени во Германија на

18/06/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, во интервјуто за „Ноќно студио“ на „4ТВ“ го претстави планот за спас на вредна медицинска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy