Пратеник откри дека Србите од Хрватска добиваат повици за мобилизација ако избие војна на Косово
Србите од Хрватска добиваат повици за мобилизација во случај на војна на Косово, тврди хрватскиот пратеник Маријан Павличек. Според него, повикани се и лица кои работат во хрватската полиција. Еден од нив веќе добил инструкции што треба да направи во случај на мобилизација.
Вели дека од октомври 2022 година, многу хрватски граѓани, кои се и државјани на Србија, добиваат повици за регрутација во врска со евентуална мобилизација на српската војска во случај на војна во Косово.
„Најмалку 15 хрватски полицајци добиле покани, бидејќи имаат двојно државјанство, да се пријават во Сремска Митровица“, изјави Павличек во Собранието.
Пратеникот вели дека ниту хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, ниту министерот за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман, не сакале да го коментираат случајот, кој, според Павличек, требало да испратат протестна нота до Србија.