Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Европски фронт појаснија дека законскиот предлог за безбедносна зона околу Собранието не ги ограничува протестите
Македонија

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Европски фронт појаснија дека законскиот предлог за безбедносна зона околу Собранието не ги ограничува протестите

03/06/2025

AA

Координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Европски фронт денеска во заедничка изјава за медиумите истакнаа дека целта на Предлог-законот за прогласување на просторот околу Собранието на Република Северна Македонија за безбедносна зона е да се спречи изградба на приватни објекти во близина на законодавниот дом, а не да се забранат протестите на граѓаните.

Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ, појасни дека законското решение е наменето да го заштити просторот кој треба да остане во сопственост на Собранието и да овозможи реализација на планираните проекти, како што е изградбата на потенцијална катна гаража, без мешање на приватни стопански објекти.

„Целта не е забрана на протестите, туку регулирање на границите на просторот околу Собранието, кој ќе им припаѓа исклучиво на законодавниот дом“, рече Мицевски.

Координаторот на СДСМ, Оливер Спасовски, додаде дека овој закон го спречува повторното злоупотребување на државното земјиште околу Собранието, кое во 2009 година било продадено на приватна фирма за изградба на катна гаража на само 2,5 метри од објектот.

„Заштитената зона ќе го спречи повторното појавување на слични случаи и ќе овозможи сопственост на имотот за потребите на Собранието“, рече Спасовски.

Пратеникот Блерим Беџети од Европскиот фронт потенцираше дека идејата на законот не е да се ограничуваат протести, туку да се заштити просторот за други цели.

Предлог-законот, кој е потпишан од претседателот на Собранието Африм Гаши и други пратеници, вклучува прогласување на просторот околу Собранието за безбедносна зона и се разгледува во скратена постапка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на

27/09/2026
Македонија

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток

27/09/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во

27/09/2026
Македонија

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски

27/09/2026
Македонија

88-ГОДИШНИК СТРУЖАНЕЦ НАСАМАРЕН ЗА 300.000 ДЕНАРИ Му ветиле награда, а

27/09/2026
Македонија

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“

27/09/2026
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СÈ ПОПРИВЛЕЧНА ЗА СТРАНЦИТЕ Турците најбројни, Германците и Србите

27/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на ДУИ доби многу непријатно прашање

27/09/2026

Дали Али Ахмети сведочел против Ослободителната војска на Косово во Хаг и дали неговиот исказ имал каква било улога во

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток одговор од „12:05“ по прес-конференцијата

27/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека со

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во околината

27/09/2026

Земјотрес со локална магнитуда од 3,3 степени според Рихтеровата скала денеска во 14 часот и 4 минути ја затресе областа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy