
Пожарот во Зелениково е изгасен, изминатиот викенд регистрирани 30 пожари на отворено
Центарот за управување со кризи информира дека изутринава нема активни пожари. Пожарот во општина Зелениково што избувна вчера попладне е изгаснат, а дежурна екипа на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје е присутна на местото. Во саботата имаше 30 пожари на отворен простор од кои најтежок беше кај акопско Ајватовци.
