Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОЖАРОТ ВО ТРУБАРЕВО ЦЕЛОСНО ИЗГАСНАТ: Три лаборатории и Армијата ја проверуваат токсичноста, Меџити го поврза со Вардариште и Дрисла
Македонија

ПОЖАРОТ ВО ТРУБАРЕВО ЦЕЛОСНО ИЗГАСНАТ: Три лаборатории и Армијата ја проверуваат токсичноста, Меџити го поврза со Вардариште и Дрисла

14/09/2025

AA

По повеќе од 15 часа интензивна борба, пожарот во објектот за рециклирање на батерии и електронски отпад во Трубарево е целосно изгаснат и локализиран, соопшти денеска министерот за животна средина, Изет Меџити. Тој нагласи дека сега започнува сеопфатна истрага за утврдување на еколошката штета, во која се вклучени три независни лаборатории и специјализирана единица на Армијата.

На прес-конференција, Меџити информираше дека во мерењето на квалитетот на воздухот биле ангажирани акредитираната лабораторија „Еуромак Контрол“, лабораторијата при самото Министерство, како и посебната Единица на АРМ за атомска, биолошка и хемиска одбрана. Дополнително, во наредните пет дена, мерења ќе врши и лабораторијата „Амбикон“ при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

„Државниот инспекторат за животна средина денес започна и административен инспекциски надзор кај правниот субјект ‘Ф-Групација’, од кој ќе бидат земени сите потребни документи“, изјави Меџити, додавајќи дека компанијата поседувала важечка дозвола за работа издадена во 2021 година.

Министерот најави дека по завршувањето на инспекцијата ќе се земаат мостри од почвата и ќе се нарача вештачење за прецизно да се утврди степенот на загадување на животната средина.

Тој го стави инцидентот во поширок контекст, поврзувајќи го со неодамнешните еколошки проблеми со депониите Вардариште и Дрисла.
„Ова е аларм кој бара сериозна институционална мобилизација, која веќе е во тек. Очекуваме инцидентот да се расветли и причините, односно причинителите, да бидат јавно обзнаени“, порача Меџити.

Министерот упати огромна благодарност до сите институции и пожарникари кои учествуваа во гаснењето, како и до жителите на Трубарево за нивната смиреност и солидарност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy