
ПОЖАРИ ВО ЦРНА ГОРА: Туристите со куфери чекаат инструкции
Пожари избувнаа во Црна Гора. Голем број туристи седат со спакувани куфери и чекаат дополнителни инструкции. Ветерот кој во меѓувреме почна да дува уште повеќе ја отежнува ситуацијата.
Во Режевиќи над Петровац на црногорското приморје избувна голем пожар кој веќе неколку дена гори, а густ чад ги обви туристичките центри меѓу кои и Будва Свети Стефан. Пожарот стигнал и до куќите. Будва и Петровац се покриени со чад.
Претходно гореше во Суто море и во Цетиње. Пожар имаше и во Подгорица.
фото принтскрин
