
Пожар во куќа во село Волково
На 26.02.2026 во 05:53 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Волково, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на 56-годишната С.Г. од селото.
Од пожарот била зафатена собата на нејзиниот 29-годишен син М.Г, кој имал здравствени проблеми.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат.
Увид е извршен од увидна екипа на СВР Скопје.
