Пожар на Водно
Во ЦУК на Единствениот број за итни ситуации 112, на пладне е примена пријава на пожар на Водно крај Скопје, во месноста ,,Марково крушче”.
Веднаш се известени пожарникарите од БППЗ и надлежни јавни претпријатија на Град Скопје.
Тие брзо излегле на терен и го изгаснале пожарот што имал зафатено сува трева и нискостеблести растенија, а имало опасност да ја зафати и шумата.