Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Владата ја повлече одлуката за спојување на концесиите за „Иловица“ – Бектеши: Државата изложена на нова меѓународна арбитража тешка милијарда евра
Економија

Владата ја повлече одлуката за спојување на концесиите за „Иловица“ – Бектеши: Државата изложена на нова меѓународна арбитража тешка милијарда евра

26/07/2023

AA

Владата на вчерашната седница донела одлука за прекин на важноста на својата претходна одлука со која што се спојуваа концесиите за рудникот „Иловица – Штука“, информираше министерот за економија, Крешник Бектеши.

Бектеши на прес-конференцијата во Владата детално информира за сите управни и судски постапки, заклучоци и одлуки поврзани со рудникот. И истакна дека од 2005 година досега за потенцијалниот рудник сите институции дале позитивни мислења.

Како што посочи Бектеши, откако речиси час и половина детално ги образложуваше сите акти и одлуки поврзани со „Иловица-Штука” од 2005 година до сега, „Еуромакс“ во моментов има сопственост на двете концесии. Тие не се одземени од страна на Владата, па компанијата, согласно Законот за минерални суровини, има право да го обнови барањето за спојување на концесиите. Сепак, ревидираната одлука на Владата, која претходно ги спои концесиите за рудникот за бакар Иловица-Штука, но сега се повлече од одлуката, може да предизвика сериозни импликации врз буџетот на државата доколку компанија одлучи да активира постапка пред меѓународна арбитража. 

Од компанијата „Еуромакс ресоурсес“ претходно веќе истакнаа дека секое непочитување на законските процедури ќе ги принуди да покренат меѓународна арбитража против државата, а како отштета ќе бараат најмалку една милијарда евра, без да се вклучат каматите во оваа сума. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите

27/09/2026
Македонија

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на

27/09/2026
Македонија

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток

27/09/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во

27/09/2026
Македонија

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски

27/09/2026
Македонија

88-ГОДИШНИК СТРУЖАНЕЦ НАСАМАРЕН ЗА 300.000 ДЕНАРИ Му ветиле награда, а

27/09/2026
Македонија

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“

27/09/2026
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45836
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите ќе растат

27/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во понеделник, а температурите во текот на денот ќе се движат од

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на ДУИ доби многу непријатно прашање

27/09/2026

Дали Али Ахмети сведочел против Ослободителната војска на Косово во Хаг и дали неговиот исказ имал каква било улога во

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток одговор од „12:05“ по прес-конференцијата

27/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy