
Повторно искршен штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода
Ноќеска повторно бил искршен штабот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Кисела Вода, дознава ТВ21. Седиштето на штабот се наоѓа на улицата „Иван Козаров“, а засега останува нејасно кој и зошто повторно го сторил делото. Се очекуваат повеќе детали од полицијата.