Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Повторен протест на „Паркови и зеленило“ – без плати за септември и октомври, работниците најавуваат штрајк
Македонија

Повторен протест на „Паркови и зеленило“ – без плати за септември и октомври, работниците најавуваат штрајк

05/11/2025

AA

Вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје повторно протестираа пред управната зграда на претпријатието поради тоа што сè уште не им се исплатени платите за септември и октомври.

Тие најавија дека ќе продолжат со протестите и утре, и ги повикаа сите колеги да се приклучат. Од синдикатот порачаа дека бараат само исплата на заостанатите плати и активирање на здравственото осигурување, бидејќи дел од работниците не можат да користат лекарска помош или да подигнат лекови на рецепт.

Синдикалните претставници информираа дека досега поднеле околу 150 барања за арбитража и неколку тужби до суд, бидејќи роковите за исплата се одамна пробиени. Велат дека добиле повеќе ветувања од раководството на претпријатието, но ниту едно не е исполнето.

Претпријатието, според информациите добиени од вработените, чека финансиски средства од Град Скопје и од ЈП „Водовод и канализација“ за да може да ги исплати платите.

Од синдикатот предупредуваат дека доколку состојбата не се реши, од петок „Паркови и зеленило“ ќе стапи во штрајк, а тоа може да предизвика проблеми со одржувањето на парковите и јавните површини во главниот град.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy