Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пациентите со рак без тумор-маркери, дел од анализите плаќаат од џеб – Онкологија повторно со недостиг на реагенси
Македонија

Пациентите со рак без тумор-маркери, дел од анализите плаќаат од џеб – Онкологија повторно со недостиг на реагенси

05/11/2025

AA

Веќе неколку месеци на Клиниката за онкологија недостасуваат тумор-маркери, како и лековите „цисплатин“ и „таксол“, кои се користат во редовната терапија на онколошките пациенти.

Наместо таму, пациентите се праќаат во други лаборатории, како што е Клиничка биохемија, за да ги направат потребните крвни тестови.

Дел од нив велат дека за овие анализи биле принудени да платат, бидејќи во упатот не им била внесена соодветната шифра која обезбедува бесплатна услуга за онколошките болни.

Министерот за здравство Азир Алиу уверува дека со измена на законските прописи ќе се создаде системско решение за проблемите со недостиг на реагенси за тумор-маркери.

Здружението на пациенти „Хема Онко“ бара итна измена на законот за јавни набавки на лекови, со цел да се спречи повторување на состојбите со недостиг на терапија за пациентите со рак. Според здружението, сегашната регулатива овозможува пролонгирани тендерски постапки и административни застои кои создаваат празнини во снабдувањето со неопходните медикаменти.

Од здружението укажуваат дека проблемот може да се надмине само со промена на начинот на набавка и со обезбедување континуирано снабдување, наместо зависност од тендерски рокови и жалбени постапки.

Министерството за здравство најавува законски измени со кои ќе се овозможи нова, пофлексибилна постапка при јавните набавки за лекови и реагенси.

Со тоа би се избегнало времето на чекање меѓу две тендерски постапки, кое често доведува до недостиг на терапија и дијагностички материјали.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy