Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Повредените од пожарот во Кочани со реакција: Си заминува докторката Катерина, не е исто кога некој само ја пополнува смената, и кога некој навистина се грижи!
Македонија

Повредените од пожарот во Кочани со реакција: Си заминува докторката Катерина, не е исто кога некој само ја пополнува смената, и кога некој навистина се грижи!

29/05/2025

AA

Повредените лица од трагичниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани испратија писмено обраќање до јавноста, изразувајќи длабока загриженост поради најавените кадровски промени во Општата болница со проширена дејност – Кочани, кои, според нив, сериозно ќе влијаат врз нивниот понатамошен третман и закрепнување, пишува Канал8 од Кочани.

„Чувствуваме должност и потреба да се обратиме јавно поради сериозна и загрижувачка промена во нашата здравствена нега. Од 1 јуни, докторката Катерина Паниќ – докторка Кате, која беше наш главен доктор и поддршка во целиот период на опоравување, повеќе нема да биде дел од болницата. Таа заминува во друга установа, а ние сѐ уште не знаеме кој ќе дојде на нејзино место и каков ќе биде понатамошниот пристап кон нашето лекување“, стои во реакцијата.

Пациентите кои се лекуваат во болницата велат дека заминувањето на докторката внесува страв и неизвесност во нивните животи, во време кога им е најпотребна стабилност и континуитет во здравствената грижа.

„Не знаеме што нè чека утре. Не знаеме кој ќе ја замени, ниту дали тој или таа ќе има истиот пристап. Не е исто кога некој само ја пополнува смената, и кога некој навистина се грижи. Докторката Кате не беше само лекар – таа беше наша надеж, наша сила. Начинот на кој пристапуваше со човечност и разбирање, не може да се замени. Во неа изградивме длабока доверба – доверба која е тешко стеклива во период на траума и болка“, велат повредените.

Докторката Катерина Паниќ Мирчовска, уште пред трагичниот настан, поднела барање за прекин на работниот однос поради ангажман во скопската болница „8 Септември“. Иако решението за нејзино прераспределување било потпишано од поранешниот министер Арбен Таравари, неговиот заменик Јовица Андовски ја запрел одлуката, дозволувајќи ѝ да остане во Кочани сѐ додека има потреба од нејзина грижа.

Сепак, по неколку месеци неизвесност, сега е потврдено дека таа заминува.

Апелот на повредените е јасен – бараат транспарентност, грижа и одговорност од здравствените власти.

„Не бараме чуда. Бараме грижа, разбирање и доследност. Бараме да не бидеме оставени сами во најтешките моменти.“, заклучуваат тие.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филков му возврати на Касами: „Кога ќе бидеш премиер, тогаш

12/02/2026
Македонија

Автомобил излетал од коловозот во тетовско, повредено 17-годишно девојче

12/02/2026
Македонија

Опожарени три возила во Скопје – едно лице повредено

12/02/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ БАРА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА ТРЕНДАФИЛОВ Лидерот на

12/02/2026
Македонија

Полицијата уапси 15 возачи кои управувале возило без возачка дозвола

12/02/2026
Македонија

Меџити го нарече Таравари „министер за канабис“, Таравари најави тужба

12/02/2026
Македонија

АДВОКАТИ НА ЗАЕВ ГИ УБЕДУВАЛЕ ОБВИНИТЕЛИТЕ ДА УКИНУВААТ ПРИТВОРИ Манасиевски

12/02/2026
Македонија

Трендафилов: Ако не се зголемат платите, следува генерален штрајк

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41376
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филков му возврати на Касами: „Кога ќе бидеш премиер, тогаш одлучувај кој ќе биде министер“

12/02/2026

Изјавата на лидерот на Беса, Билал Касами, дека во најавената реконструкција на Владата напролет би можело да дојде до смена

Автомобил излетал од коловозот во тетовско, повредено 17-годишно девојче

12/02/2026

На 11.02.2026 во 19:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат Тетово-с.Требош, тетовско, патничко возило „форд фокус“

Опожарени три возила во Скопје – едно лице повредено

12/02/2026

На 12.02.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во гаража во с.Батинци,скопско, опожарени се три патнички возила

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy