
Повеќе одобренија за градење, но со помала вредност – ќе се градат 727 нови станови
Бројот на одобренијата за градење во септември 2025 година е зголемен за 6,1% во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат најновите податоци што ги објави Државниот завод за статистика.
Во септември оваа година биле издадени вкупно 314 одобренија за градење.
Сепак, и покрај зголемениот број на дозволи, предвидената вредност на објектите бележи пад. Таа изнесува 7.124.419 илјади денари, што е за 5,2% помалку во споредба со септември 2024 година.
Од вкупниот број издадени одобренија:
Статистиката покажува дека физичките лица остануваат доминантни инвеститори. Од вкупно 314 објекти, на 229 (72,9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, додека на 85 (27,1%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во овој извештаен период е предвидена изградба на 727 станови, со вкупна корисна површина од 69.411 м².
Најмногу одобренија за градење, 98, се издадени во Полошкиот Регион.
