Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Повеќе од обичен настан“ – Викендов ќе се одржи Галичка свадба!
Македонија

„Повеќе од обичен настан“ – Викендов ќе се одржи Галичка свадба!

11/07/2023

AA

Оливер Андреевски и Елисавета Булоска годинава се младоженец и невеста на Галичката свадба што ќе се одржи на 14, 15 и 16 јули во Галичник на планината Бистра. Токму оваа година, Галичката свадба одбележува 60 години од нејзиното одржување.

-Јас имам потекло од Галичник, а невестата има потекло од Охрид. Меѓутоа, се знаеме пет години. Постојано и зборувам за Галичник и така се случи оваа година да одлучиме да аплицираме на повикот од месната заедница и со голема желба, љубов и почит кон нашите претци да учествуваме на свадбата заедно со нашите семејства, да се венчаме токму во Галичник и со сите обичаи кои што следуваат во програмата на Галичка свадба, рече на денешната прес-конференција младоженецот Андреевски.

Невестата Булоска посочи оти и е многу драго што нивната љубов ќе ја овековечат токму во Галичник.

-Во Галичник започна нашата љубов со Оливер. Многу ми е драго што и таму ќе ја овековечиме. И двајцата сме многу среќни, тука сме еден за друг да се поддржиме, додаде Булоска на прес-конференцијата.

Според министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, Галичка свадба е повеќе од обичен настан. Тоа е како што рече, вистинско патување низ времето, магичен момент кога се спојуваат генерациите и се пренесуваат обичаите кои ги чуваме со голема почит.

И оваа година, посочи, Галичка свадба и галичките свадбени обичаи нема да бидат само момент на среќа, радост и веселба, туку и живо негување на обичаите, традицијата и заедништвото на нашите претци кои се пренесуваат од поколение на поколение.

-60 години традиција, 60 години радост за враќање дома во родниот крај, 60 години Галичка свадба, историски мост меѓу нашето минато и сегашност. Мост меѓу живата традиција и современост. Ова е време кога се слават љубовта, семејството и заедницата. На Петровден, писокот на зурлите и екот на тапаните ќе не потсетат дека нашите традиции се заштитени, а народот обединет околу своите културни вредности и обичаи. Секоја песна, секој танц, секоја шара на традиционалната облека, секој обред пренесува пораки за нашата историја, верувања и обичаи, рече Костадиновска Стојчевска на прес-конференцијата.

Таа информираше дека Министерството за култура како и секоја година е поддржувач на Галичката свадба, а како што посочи, со Институтот за фолклор се работи на елаборат, со кој за првпат оваа уникатна жива традиција ќе ја добие заслужената институционална заштита.

-На овој начин, ќе се заштитат од заборав уникатните обичаи кои го претставуваат битот на македонскиот народ и се потсетник на едно друго време, начин на живот, ниво на култура и свест што не смее да се заборави. На младинците им пожелувам долг и спокоен живот, рече министерката.

Марија Миничиќ менаџерка за партнерства со заедницата на „Пивара Скопје“ на прес-конференцијата денеска истакна дека и оваа година обезбедуваат дополнителна финансиска поддршка за континуитетот на манифестацијата, која е од голем интерес не само за домашните, туку и за странските гости.

-Галичка Свадба годинава слави 60 години од организираното одржување. И оваа година за сите учесници на свадбената церемонија обезбедивме од нашите пијалоци, и секако дополнителна финансиска поддршка за да се обезбеди континуитет на манифестацијата, која можеме да забележиме дека освен за домашните гости, од голем интерес е и за странските гости кои доаѓаат од целиот свет, рече Миничиќ.

Ана Сариевска, режисерка на Галичката свадба, рече дека има обврска на сите млади да им ги пренесе свадбените обичаи и адети како што ги научила од нејзините предци. За истата цел, се организира соодветна обука низ која поминуваат младите, каде што се третира онаа материја од самите обичаи и адети.

-Среќна сум што го одбележуваме овој јубилеј затоа што потекнувам од семејство кое што е дел од основоположниците на оние што почнаа да организираат Галичката свадба. Многу сум среќна што учевме од нив. Имаме обврска овие три дена кога се случува свадбата да искоординираме околу 250 луѓе кои се техничка поддршка, учесници, нашите зет и невеста, нивните фамилии, пријатели и останатите учесници во свадбата, рече Сариевска на прес-конференцијата.

Таа објасни дека самата свадба е жива работа, односно е претстава под отворено небо во неконтролирани услови и тоа го прави уште потешко самото нејзино одвивање, но успешно се соочиле со овие предизвици и истите ги надминуваат секоја година.

Александар Костиќ од МЗ Галичник на прес-конференцијата апелираше до учесниците да се придржуваат до правилата заради непречено и безбедно одржување на Галичката свадба.

Тој информираше дека за време на викендов во Галичник ќе има сообраќаен режим, каде паркирање на потегот каде што ќе се одвива Галичката свадба и каде што ќе се одвиваат обичаите, нема да биде дозволено.

-Сообраќајот со моторни возила низ Галичник во петок, 14 јули, ќе биде забранет од 21:00 часот до 01:00 часот изутринава. Во сабота, 15 јули, сообраќајот ќе биде забранет од 18:00 до 22:00 часот и недела, 16 јули, од 7:30 до 15:00 часот. Сообраќајот може да биде затворен и надвор од овие термини ако за тоа се утврди дека има потреба. Оној кој ќе има потреба од сопствениот автомобил во овие термини, автомобилот треба да го паркира надвор од Галичник, посочи Костиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите

27/09/2026
Македонија

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на

27/09/2026
Македонија

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток

27/09/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во

27/09/2026
Македонија

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски

27/09/2026
Македонија

88-ГОДИШНИК СТРУЖАНЕЦ НАСАМАРЕН ЗА 300.000 ДЕНАРИ Му ветиле награда, а

27/09/2026
Македонија

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“

27/09/2026
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45836
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите ќе растат

27/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во понеделник, а температурите во текот на денот ќе се движат од

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на ДУИ доби многу непријатно прашање

27/09/2026

Дали Али Ахмети сведочел против Ослободителната војска на Косово во Хаг и дали неговиот исказ имал каква било улога во

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток одговор од „12:05“ по прес-конференцијата

27/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy