
Потврда од Фиренца: Мароканска ѕвезда исфрлена од првиот тим поради – Јунајтед!
„Црвените ѓаволи“ покажаа интерес за Амрабат уште во јуни, но засега немаат испратено официјална понуда до Фиорентина и тоа најверојатно ќе се промени во следните денови.
Амрабат нема да тренира со првиот тим на калчолигашот бидејќи не е среќен во Фиренца и инсистира на трансфер во Манчестер, а засега не е познато колку пари ќе понудат „ѓаволите“ за неговиот потпис.
