Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Потрошени 8,5 милиони евра, а сè уште се издаваат изводи со машина за пишување
Македонија

Потрошени 8,5 милиони евра, а сè уште се издаваат изводи со машина за пишување

27/05/2025

AA

Повеќе од 520 милиони денари или 8,5 милиони евра се потрошени за дигитализација на матичните книги, но процесот сè уште не е завршен – покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија. И покрај тоа што дигитализацијата започнала уште во 2014 година, а скенирањето во 2019, досега се скенирани само 52% од записите, а во електронскиот регистар се внесени 49%.

Ревизорите утврдиле отсуство на стратегија, контролни механизми и квалификуван кадар, што го забавува процесот и ги изложува личните податоци на граѓаните на злоупотреби. Дополнително, Управата за водење на матични книги нема обезбедено соодветни услови за чување на книгите – дел од нив се веќе оштетени и неупотребливи.

Во периодот од 2018 до 2024 година, биле склучени 288 договори за дело за внес на податоци, но мнозинството од ангажираните не ја извршувале предвидената работа. За нив се исплатени над 30 милиони денари.

Проблем е и недостигот на ИТ кадар – недостигаат над 55% од потребните вработени, а постојат и случаи на неовластени пристапи до системот во неработно време. Од 61 издаден сертификат за електронски потпис, речиси сите електронски изводи се потпишани од само тројца матичари од Скопје. Во руралните средини електронските услуги речиси не се користат.

Ревизорите посочуваат и дека во Скопје, каде има најголем број изводи, не се користи систем за реден број, поради што граѓаните чекаат во редици, што создава услови за корупција.

ДЗР препорачува итни мерки за финализирање на дигитализацијата, подобрување на безбедноста и унифицирање на услугите за сите граѓани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy