
Потрес во Париз, ПСЖ го избриша Мбапе од списокот за турнеја во Азија!
Според реномираниот француски медиум, од ПСЖ вечерва дошле до сознанија дека Мбапе веќе имал договор со Реал Мадрид да премине во неговите редови летото 2024 година, кога ќе му истече актуелниот договор со „светците“, како слободен играч, без тие да можат да заработат на него.
Затоа, одлуката е остра и ефективна веднаш, на неколку часа до поаѓањето кон Азија. Исто така ова се случува непосредно по првиот натпревар за ПСЖ во оваа претсезона, против Л’Авр, кој го доби со 2-0, а за да биде иронијата поголема, вториот погодок го даде Мбапе.
Веста е различна од сиот третман од клубот кон фудбалерот досега, бидејќи од раководството се обидуваа да го задржат на секој начин. Денеска дури излезе вест за понуда од преку една милијарда евра во плата, за договор од 10 години.
Прашање е како „сапуницата“ ќе се развива понатаму и дали ПСЖ експресно ќе го стави на продажба, со цел да заработи ова лето.
Breaking | Kylian Mbappé left out of pre-season tour to Asia as PSG are “convinced he has agreed a deal with Real Madrid for 2024,” according to L’Équipe. More follows.
— Get French Football News (@GFFN) July 21, 2023
