Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ПОТРЕБНО Е ЗАЕДНИЧКО ДЕЛУВАЊЕ ЗА ДА ИМ СЕ ПОМОГНЕ НА ГРАЃАНИТЕ“: Тренчевска бара прифаќање на предлозите на СДСМ за „брз резултат“
Економија

„ПОТРЕБНО Е ЗАЕДНИЧКО ДЕЛУВАЊЕ ЗА ДА ИМ СЕ ПОМОГНЕ НА ГРАЃАНИТЕ“: Тренчевска бара прифаќање на предлозите на СДСМ за „брз резултат“

08/11/2024

AA

Се потврди тоа што го говоревме и што граѓаните го гледаат секој ден – нема намалување на цените во маркетите, владината мерка не даде резултат.

Ова го истакна денеска Јована Тренчевска, пратеничка од редовите на СДСМ и поранешна министерка за труд и социјални работи. 

Таа посочи дека според податоците коишто ги објави Државниот завод за статистика цените на мало во месец октомври се намалиле за само 0,1 процент.

– Ова значи дека намалување на цени нема и затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Владата треба итно да ги прифатат пакет законските решенија на СДСМ: да се усвои Законот за зголемување на минималната плата на 450 евра. Да се усвои Законот за укинување на ДДВ за храната со кој граѓаните ќе заштедат и до 2.000 денари месечно. Итна да се примени Законот за нефер трговски практики за спречување на нов раст на цените. Овие пакет решенија на СДСМ ќе значат намалување на цените, зголемување на платите односно повеќе пари за граѓаните и семејните буџети – нагласи Тренчевска.

Воедно посочи дека СДСМ уште еднаш повикува да проработи разумот кај власта, пред се кај пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. 

– Подаваме рака за соработка, за подобар животен стандард и поддршка на граѓаните во време кога нивниот живот станува се потежок.

Просечната плата во земјата е намалена за 1.000 денари, а македонската економија е во слободен пад. Индустриското производство бележи пад во септември за 7,9 проценти, а прогнозите за економијата стануваат се полоши. По Светска банка и Народна банка ги намали проекциите за македонската економија и предвидува послаб раст оваа и наредната година – нагласи Тренчевска.

Потоа дополни дека „ова се лоши вести и потребно е заедничко делување за да им се помогне на граѓаните, а пакет решенијата на СДСМ, овие три политики кои ги споменав се реални, одржливи и ќе дадат брз резултат“.

– Жално е ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се подготвени на штета на граѓаните да водат политички инает со отфрлање на добрите решенија – заклучи пратеничката на СДСМ. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам –

24/08/2026
Македонија

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги

24/08/2026
Македонија

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците

24/08/2026
Македонија

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026
Македонија

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж:

24/08/2026
Македонија

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026
Македонија

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45228
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам – постојано се појавуваат нови жаришта

24/08/2026

Пожарот на планината Китка веќе десетина дена создава сериозна опасност за шумските предели и населените места во околината, а според

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги уништи земјоделските насади

24/08/2026

Град и силно невреме проследено со интензивен град со големина на орев го зафати селото Дебреште. Според сведоштвата и фотографиите

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците упорно го палат

24/08/2026

Пожарот на планината Китка, кој е најкомплексен за гасење во земјава, повторно е активен откако бил намерно подметнат од страна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy