ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Поскапе минималната кошничка
За основни потреби на едно четиричлено семејство месечно се потребни 62.021 денар. Цената на минималната кошничка се зголемила.
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец ноември годинава изнесува 62.021 денари, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ). Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец ноември кошничката чини 77.396 денари. Споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година која изнесуваше 61.249 денари е зголемена за 772 денари.
„Минималната кошничка која во ноември 2024 година изнесува 62.021 денари споредена со онаа од јануари 2024 година (57.163) е зголемена за 4.858 денари односно за 8,5 отсто. Додека кај храната и пијалаци за ноември изнесува 22.678 денари споредена со јануари 2024 година (21.007 денари) зголемена е за 1.671 денари односно за 7,9 отсто“, велат од ССМ.
Со две минимални плати не може да се покрие минималната кошничка.
foto freepik.com/aleksandarlittlewolf