Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра
Економија

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

23/04/2024

AA

Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра.

Минималната синдикална кошница за април чини 60.212 денари и е за 1.214 денари повисока отколку во март годинава кога беше 58.998 денари. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, таа изнесува 75.587 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Едно четиричлено семејство за храна и пијалаци троши 22.200 денари или 36,9 отсто, за облека и обувки 4.866 денари, односно 8,1 отсто, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.014 денари или 10 отсто, за лична хигиена и одржување на хигиена во домот 1.827 денари или 3 отсто, за здравје 1.059 денари или 1,8 отсто, за транспорт 5.068 денари, односно 8,4 отсто.

За комуникации на едно четиричлено семејство му биле неопходни 3.004 денари, односно 5 отсто од износот на минималната кошничка, за рекреација и култура 4.378 денари или 7,3 отсто, за образование 6.955 денари или 11,6 отсто, за ресторани и хотели 3.890 денари или 6,5 отсто, а за останати стоки и услуги 950 денари, односно 1,6 отсто.

Доколку живеат во изнајмен стан потребни им се дополнителни 15.375 денари и со тоа минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство изнесува 75.587 денари.

Просечната исплатена плата во февруари годинава изнесува 39.276 денари. Државниот завод за статистика во својот најнов извештај објави дека за една година висината на платите е зголемена за 16,5 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, изнесува 116.5.

Синдикатот ќе бара зголемување на минималната плата. 

foto freepik.com/nomadsoul1

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ДАЛИ ВО КУМАНОВСКО ОПЕРИРАЛ СЕРИСКИ УБИЕЦ? Потресно сведоштво на

21/02/2026
Македонија

Лажна хуманост за вистински профит: Како осудуван измамник од Македонија

21/02/2026
Македонија

Мицкоски: Македонија е жртва на класичен ЕУ-булинг, наместо за владеење

21/02/2026
Македонија

СКАНДАЛ СО „ЗДРАВАТА ХРАНА“: Во Македонија уништени над еден тон

21/02/2026
Македонија

НА ПАТОТ КОН ЕУ МАКЕДОНИЈА Е ЖРТВА НА БУЛИНГ ОД

21/02/2026
Македонија

СУДИЈАТА КАТЕВЕНОВСКИ БИЛ РАЗРЕШЕН ЗАШТО НЕ ГИ ИСПОЛНИЛ НАРАЧКИТЕ НА

21/02/2026
Македонија

ЗАБРАНА ЗА ДВЕТЕ ФИРМИ ШТО ВРШАТ ИСКОП КАЈ ИЗВОРОТ ШУМ

21/02/2026
Македонија

СКАНДАЛ СО ВОДАТА ВО СТРУГА: Фирми од Велешта нелегално копале

21/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41743
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ДАЛИ ВО КУМАНОВСКО ОПЕРИРАЛ СЕРИСКИ УБИЕЦ? Потресно сведоштво на 85-годишна жена, ѝ завиткал ќебе

21/02/2026

Додека надлежните органи истражуваат дали во Кумановско има сериски убиец, 85-годишната Росанка од кумановското село Челопек за телевизијата Сител сведочеше

Лажна хуманост за вистински профит: Како осудуван измамник од Македонија користи туѓи бебиња за да

21/02/2026

Додека социјалните мрежи се преплавени со повици за помош, зад еден од најновите апели во Штип се крие добро смислена

Мицкоски: Македонија е жртва на класичен ЕУ-булинг, наместо за владеење на правото, преговараме за средниот

21/02/2026

Премиерот Христијан Мицкоски упати остри критики за пристапот на Европската Унија кон евроинтеграцискиот пат на државата, обвинувајќи за двојни стандарди

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy