
Последните случувања ја тресат Владата – ќе има ли премиер Албанец во последните 100 дена?
Последните случувања во политиката го доведуваат во прашање премиерот Албанец.
Имено, на лидерската средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дојде опција за проширена влада во која ДУИ нема да биде.
Според Мицкоски, ДУИ треба да оди во опозиција, но што ќе се случи со договорот за премиер Албанец во последните 100 дена Влада?
Потпретседателот на ДУИ Арбр Адеми за ТВ21 денеска изјави дека формирањето проширена влада за гласање на уставните измени не е поврзано со договорот во последните 100 дена од оваа влада премиерот да биде Албанец, што значи дека ќе треба прво да имаме проширена влада за уставни измени и да закажеме нови избори па потоа техничка влада со премиер Албанец.
„Тоа е политички договор што е прифатен од сите партии што го постигнаа тој договор, но за овие неодамнешни случувања велам дека во партијата сме на постојани средби и консултации со нашите меѓународни пријатели. 100-те дена немаат никаква врска со Влада која евентуално може да се формира по стапувањето во сила на уставните измени“, вели Арбр Адеми.
