
Последните работни денови од годинава ќе бидат пеколни на границите: Потребно е трпение поради сообраќајниот метеж
Изминатиот викенд сообраќајот беше поинтензивен, а гужви имаше и на граничните премини.
Интензитетот на сообраќај сега е помал и на најфреквентните премини, но неработните празници во земјите од Западна Европа, а кај нас последните работни денови од годината секогаш носат густ сообраќај, почести застоји и побавно возење.
Се повикуваат возачите да возат внимателно и побавно во наредните денови и да се подготват за празничните гужви.
