
Поскапува парното: Ако досега плаќавте 2.200 – сега ќе плаќате 2.330 денари!
Од 1-ви декември цената на топлинската енергија за домаќинствата ќе се зголеми во просек од 5.9 проценти.
Ова денеска на прес конференција го објави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бескимовски.
„Од 1 декември просечната сметка ќе биде зголемена за околу 130 денари, од сегашните 2.200 денари на 2.330 денари“, рече Бислимовски.
Како што вели, корисниците кои се снабдуваат преку најголемиот систем (ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ Производство) поскапувањето изнесува во просек 5,9%, додека за потрошувачите на ЕСМ Енергетика зголемувањето е 7,6%, а за Скопје Север – Енерџи Еко Линк околу 7,7%.
